а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
3dModeliranje PDF Print E-mail

Предмет

3D Моделирање

Код

2.12.4

Студиска година

Втора година

Семестар

4 семестар

Број на ECTS кредити

3

Вкупен број на контакт часови

3(1+2)(неделно)

14+28= 42 (во семестар)

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD), Компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) (потпис)

Цели

Цел на предметот е студентите на Архитектонскиот факултет целосно да ги користат компјутерите во нивната работа. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите во проектирање на објектите потребно е претходно целосно да се запознае со компјутерската поддршка ориентирана кон графичко и проектно изразување.

Целта е откако студентите ќе се стекнат со знаења за просторно компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD) и друго графичко компјутерско комуницирање, да можат да пристапат кон тродимензионално моделирање и проектирање.

Со изучувањето и со примената на CAAD програмските пакети (3D Studio, и Artlantis), студентот ќе изготви целосна визуелизација и  тродимензионален приказ на моделираниот архитектонски објект.

Содржина

Употребата на сметачките машини во областа на графичкото комуницирање стана нормална и секојдневна појава. Компјутерското графичко изразување CAD (Computer Aided Design) и компјутерското архитектонско проектирање и дизајнирање CAAD (Computer Architectural Aided Design) е област која денес рутински се применува. Просторното цртање е брзо, прецизно и квалитетно, со голем број на опции. Студентот ќе се запознае со елементи на 3D графика и елементи на компјутерска тродимензионална слика. Можна е изработка на повеќе решенија, како и нивна проверка, тестирање  и корекција во текот на нивната изработка. Компјутерското архитектонско проектирање, моделирање, и дизајнирање - CAAD (Computer Architectural Aided Design). Програмски пакети (3D Studio и Artlantis)

Инсталација, потребна машинска и програмска опрема, општ опис, основни функции и конфигурација на програмата.            

Едитор за работа во три димензии, припремни команди за формирање на цртеж. Операции со графички елементи, копирање, растегнување, преместување, ротација,  скалирање. Атмосфера, позадина, материјали, бои, текстури, светло, камера, виртуелен објект.

Тродимензионален приказ и комуникација во пакет. Алатки за цртање на архитектонски конструктивни елементи. Библиотеки со просторни архитектонски симболи. Трансфер на податоци меѓу разни програмски пакети. Анимација, виртуелен реалност и панорама.       

Методи на наставата

Наставата ќе се одвива со примена на современи аудиовизуелни средства како и со употреба на најнови верзии на програмските пакети Предавањата ќе се одржуваат со примена на видео бим и персонален компјутер. Интерактивност на наставата ќе се обезбеди со припрема на одредена материја од страна на студентите како и преку нивни конкретни прашања на предавањата.

Во иднина, секој студент на свој портабл компјутер, ќе ги повторува операциите кои ќе се изложуваат во текот на предавањето.

Почетната вежба се држи аудиториумски, со давање на заеднички воведни објаснувања. Останатите вежби се држат по мали групи. Секој студент одделно изготвува задолжителни графички задачи со примена на компјутер. При ова, со секој студент одделно се држи индивидуална настава. На крај од секоја задача секој студент го согледува резултатот на својот труд преку презентирање на истиот.

Најновите постигнувања од оваа област се следат преку посети на одредени проектни и други компјутерски организации, посета на саеми, пратење на стручна и друг вид техничка литература.

Организација на наставата

Наставата по предметот се одвива на следниот начин и тоа:

1 час предавања и 2 часа вежби.

Наставата ќе се врши со групирање на часовите предавања и вежби и тоа за предавањата во 6 термина со по 2 часа. Во првиот дел нагласок би се дал на предавањата, а во завршниот дел на вежбите како и на изработката на графичката задача со примена на компјутер.

Во колоквиумската недела секој студент учествува на контролна вежба - тест со прашања од наставната материја што се изучува за да се провери степенот на совладаност, од страна на студентите

На крајот, секој студент одделно работи контролна вежба со примена на компјутер по предметот 3D Моделирање

Образовни излези

Студентот ќе се запознае со основните постапки за работа со компјутерите и нивна примена во образовниот процес.

Исто така секој од нив по прослушувањето на предметот ќе биде во состојба да ги изработува сите свои програмски тродимензионални графички задачи со примена на компјутер со програмските пакети 3D Studio и Artlantis

Литература и учебни помагала

Основна:

Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, 3D Моделирање”, Скопје, 2008 година.

Проширена:

Дозволена е употреба и на друга литература за целосно совладување на програмските пакети: 3D Studio и Artlantis.

Покрај книги во печатен облик ќе се користат и материјали дадени од производителите на програмските пакети во електронски облик во .PDF формат.

Софтверски пакети:

 Во предметот 3D Моделирање главно ќе се користи 3D Studio и Artlantis.

-          Дозволена е употреба на поновите верзии на овие програмски пакети, како или на други нови подобри програмски пакети.

Обврски на студентите

Услов за добивање на потпис:

Редовна посета на предавањата и вежбите.

Активно учество на студентот на нив.

Успешно изработени и позитивно оценети задолжителни задачи графички компјутерски вежби:

      - изработка на визуелизација на тродимензионална компјутерска презентација на модел со примена на 3D Studio и Artlantis.

Во текот на неделата во два термина од по 2 часа предвидени се консултации со студентите како и работа на студентите во Компјутерскиот центар во слободните термини.

Право на полагање на вториот колоквиум и испит се стекнува со позитивно изработена прва тест контролна вежба.

Проверка на знаењата

Редовност: за континуирано присуство на предавања и вежби до10 бода.

Активност: за квалитетна изработка на колективни вежби и индивидуална вежба до 20 бода;

Знаење: индивидуална контролна тест-вежба  до 30 бода;

Вештина: На контролна вежба со компјутер по предметот 3D Моделирање се врши самостојно изработка со употреба на компјутер на зададен архитектонски објект во три димензии кој се оценува до 40 бода.

Студентот по сите основи може да освои 100 бода. Студентот ја совладал предметната програма ако освои најмалку 60 бода, а со право за полагање дополнителен испит се стекнува во колку освои мин 51 бод.

       Оценката по предметот 3D Моделирање се добива според збирот на бодовите добиени за активното присуство на предавањата и вежбите, за задолжителните колективни и индивидуални графички вежби, контролната тест-вежба и контролната вежба која се спроведува како самостојна работа на студентот на компјутер.

Формирање на оценката е според единствените критериуми.

Испитот по предметот 3D Моделирање се состои од самостојна визуелизација со употреба на компјутер на архитектонски објект кој се оценува до16 бода.

Предметен наставник

Проф. д-р Косто Мангароски

Учесници во наставата

Спец. Митка Христова

Асс. м-р Добре Николовски

Помл. асс. Филип Ценовски

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk