а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
VnatresnaArhitehtura1 PDF Print E-mail

Предмет

Внатрешна архитектура I

Код

4. 8. 78

Студиска година

IV

Семестар

VIII

Број на ЕСТЅ

кредити

4 (2+2)

Вкупен број на контакт часови

2+2 (56)

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

Нема

Цели

Запознавање со основната природа на внатрешниот архитектонски простор, земајќи го релационистичкиот модел како основен.

Содржина

Феноменолошката и онтолошка природа на внатрешната архитектура, внатрешниот простор, како генеративен и структурирачки аспект на севкупното искуство на архитектонскиот простор.

За повеќесетилноста на искуството на внатрешната архитектура и интегративната улога на сетилото за вид и допир. Појмовна основа е релационистичкиот модел на простор, а самото обликување е меѓу­дејствие на: обликот на празното и полното како енергетски дијаграм.

Анализа на различните функции, значенија и естетски свој­ства/ категории во случувањето на внатрешниот простор.

Дефинирање на: процес=методологија на обликување на внатрешната архитектура; елементи=речник на специфични физички, архитек­тон­ски елементи и постапки=нивно означување во комплексни комуника­цијски јазички единства. Програмирање, компонирање, структури­ра­ње и материјализација; светлина и боја како специфични оперативни категории.

Мерка во внатрешната архитектура, антропометрија и ергономија; дефинирање на случувањето на внатрешниот простор/архиткетура преку физичките екстензии на човековото тело.

Методи на наставата

Предавања, истражување, вежби со индивидуални и групни

консултации

Организација на наставата

Два циклуса од 6 недели по 2 часа предавања и 2 часа вежби.

Двата колоквиума се во 7-та и 14-та недела.

Образовни излези

Стекнување со знаења за методолошките постапки во облику­ва­њето на внатрешниот архитектонски простор.

Литература и учебни помагала

- Anton Trstenjak. Čovek i boje, Nolit, Beograd, 1987

- Ðorđe Petrović. Kompozicija arhitektonskih oblika, Naučna knjiga,

  Beograd, 1972

- Le Corbusier. Ideas and forms, Willjam J.R. Curtis, London, 1995

- Milun Mitrović. Formi i oblikuvanje,Naučna knjiga, Beograd, 1987

- Rudolf Arnhajm. Dinamika arhitektonske forme, Univerzitet umetnosti,

  Beograd, 1990

- Francis D.K. Ching, Interior design, VNR. New York, 1987

- Joy Monice Malnar, Frank Vodvarka, The interior dimension, VNR, New

  Yor, 1992

- John Pile, Ahistory of interior design laurence king, London, 2000

- John Coles & Naomi House, The fundamentals of interior architecture,

  AVA academia, Laussanne, 2007

- Greame Brooker and Sally Stone, Basic interior architecture!

  Form+Structure, AVA academia, Laussanne, 2007

- A. Sassone, e. Cozzi, A. Disertori, ... Furniture, From rococo to art deco,

  Taschen, Koln, 1988

- Klaus-Jurgen Sembach, Gabriele Leuthauser, Peter Gossel, Twentieth-century furniture

  design, Tachen, Koln, 202

- Phaidon Design Classics vol 1, 2 i 3, Phaidon Press, London, 2006

Обврски на студентите

Присуство на наставата: предавања, вежби, колоквиуми

Проверка на знаењата

Предавања до 10 бодови, вежби вкупно 50 бодови и 2 колоквиума по 20 бодови или вкупно 100 бода.

За завршени обврски 60 до 100 бода (оценката се изведува според Правилникот), за добиени 51 до 59 бода следува потпис и се полага испит, останатите го губат тоа право.

Предметен наставник

Проф. д-р Иванка Кировска

Проф. м-р Митко Хаџи-Пуља

Учесници во наставата

Проф. д-р Иванка Кировска

Проф. м-р Митко Хаџи-Пуља

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk