а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
VnatresnaArhitehtura2 PDF Print E-mail

Предмет

Внатрешна архитектура II

Код

5. 4. 9

Студиска година

V

Семестар

IX

Број на ЕСТЅ кредити

4 (2+2)

Вкупен број на контакт часови

2+2 (56)

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

Нема

Цели

Запознавање со мноштвото функционални содржини, нивната технолошка слоевитост, сложувањето, склопувањето и на крај обликувањето (дизајнирањето) на просторот и опремата.

Содржина

Типолошка анализа на внатрешни простори, конкретни специфични функционални конфигурации; јавни простори – урбани ентериери, станбени простори, хибридни простори и времени инсталации. Внатрешната архитектура како технолошка плацента, инфра­струк­турни аспекти. Обликување на опремата на просторот, дизајн. Внатрешната архитектура меѓу структура и сценографија.

Методи на наставата

Предавања, истражување, вежби со индивидуални и групни консултации

Организација на наставата

Два циклуса од 6 недели по 2 часа предавања и 2 часа вежби. Двата колоквиума се во 7-та и 14-та недела.

Образовни излези

Стекнување со знаења за основните типолошки, но и специфични функционални поделби и вообличувања на внатрешниот простор, како и со технолошко-инфраструктуралните појави и гледишта.

Литература и учебни помагала

- Velimir Neidhardt. Čovjek u prostoru, Školska knjiga, Zagreb, 1997

- Julius Panero i Martin Zelnik, Antropološke mere i enterijer, Građevinska

  knjiga, Beograd, 1987

- Rudolf Arnhajm. Umetnost i vizuelno opozanje, Univerzitet umetnosti,

  Beograd, 1987

- Rudolf Arnhajm, Moć centra, Univerzitet umetnosti, Beograd, 1998

- Fransis D. K. Ching. Interier design, VNR New York, 1987

- Joy Monice Malnar, Frank Vodvarka, The interior dimension, VNR, New

  Yor, 1992

- John Pile, Ahistory of interior design laurence king, London, 2000

- John Coles & Naomi House, The fundamentals of interior architecture,

  AVA academia, Laussanne, 2007

- Greame Brooker and Sally Stone, Basic interior architecture!

  Form+Structure, AVA academia, Laussanne, 2007

- A. Sassone, e. Cozzi, A. Disertori, ... Furniture, From rococo to art deco,

  Taschen, Koln, 1988

- Klaus-Jurgen Sembach, Gabriele Leuthauser, Peter Gossel, Twentieth-century furniture

  design, Tachen, Koln, 202

- Phaidon Design Classics vol 1, 2 i 3, Phaidon Press, London, 2006

 

Обврски на студентите

Присуство на наставата: предавања, вежби, колоквиуми/семинарски графички труд.

Проверка на знаењата

Предавања до 10 бодови, вежби вкупно 50 бодови и 2 колоквиума по 20 бодови или вкупно 100 бода.

За завршени обврски 60 до 100 бода (оценката се изведува според Правилникот), за добиени 51 до 59 бода следува потпис и се полага испит, останатите го губат тоа право.

Предметен наставник

Проф. д-р Иванка Кировска

Проф. д-р Митко Хаџи-Пуља

Учесници во наставата

Проф. д-р Иванка Кировска

Проф. д-р Митко Хаџи-Пуља

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk