а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Modelasrtvo PDF Print E-mail

 

Предмет

Моделарство

Код

1. 12. 12

Студиска година

прва

Семестар

прв и втор

Број на ECTS кредити

2 (1 + 1)

Вкупен број на контакт часови

56 (28 + 28)

Вид на предметот

изборен

Предуслови

нема

Цели

Осознавање на значењето на изработката на просторни модели како дел од процесот на архитектонско проектирање; Запознавање со видовите модели и нивната улога во различните фази на процесот на архитектонско проектирање; Запознавање со карактеристиките на различните материјали за изработка на архитектонски модели; Запознавање со процесот на редукција на архитектонските елементи при изработка на моделот со цел истакнување на основниот карактер на архитектонскиот објект. Запознавање со мерилото како елемент кој го условува пристапот во изработката на моделот.

Содржина

Студентите изработуваат модели преку кои се запознаваат со различните својства на материјалите од кои се изработуваат моделите, влијанието на мерилото врз изборот на елементите кои се прикажуваат со моделот и улогата и значењето на бојата.

Во првиот семестар се изработуваат: различни волумени и сложени и закривени површини кои можат да бидат делови на архитектонски објект, модели на терен и помали архитектонски објекти во различно мерило. 

Во вториот семестар се изработуваат модели на посложени архитектонски објекти со прикажување на детали на архитектонскиот израз и еден модел на објект од историјата на модерната архитектура.

Во рамките на предметот студентите исто така ги изработуваат или добиваат упатства за изработка на моделите кои се предвидени со предметната програма во архитектонското студио и по предметот архитектонско проектирање.

Методи на наставата

Предавања; нагледна настава, практична настава; самостојна работа на студентите

Организација на наставата

Наставата во семестарот се организира во вкупно десет термини, поделени во два блока од кои првиот во периодот од првата до петтата, а вториот од осмата до дванаесеттата недела.

Секој блок се состои од еден термин од 2 часа и четири термини од 3 часа, односно вкупно четиринаесет часови од кои 4 предавања и нагледна настава и 10 часови практична настава.

Практичната работа се состои од самостојна работа на студентите.

Образовни излези

Студентите се стекнуваат со:

- знаења за различните видови на архитектонските модели и нивната примена;

- способност да изработи едноставни архитектонски модели од картон, стиропор и балза;

- познавања за техниките на изработка на сложени архитектонски модели;

- познавања за употребата и можностите на различната опрема која се користи при изработка на архитектонски модели.

Литература и учебни помагала

Mills Criss B., Designing with Models: A Studio Guide to Making and Using Architectural Design Models, J. Wiley, 2005

Smith Albert, Architectural Model as Machine: A New View of Models from Antiquity to the Present Day, Butterworth-Heinemann, 2004

Sutherland Martha, Model Making: A Basic Guide, W. W. Norton & Company, 1999

Knoll Wolfgang, Hechinger Martin, Architectural Models: Construction Techniques, McGraw-Hill Professional Publishing, 1992

Обврски на студентите

Задолжително присуство и активно учество во наставата; студентите треба да го изработат предвидениот број на макети од различен вид материјал; бројот на макети се движи од 3 до 4 во семестаротво зависност од сложеноста и размерата на макетите. Точниот број се утврдува во договор со предметниот наставник во текот на семестарот. 

Проверка на знаењата

Од предметот не се полага завршен испит; во текот на контролните седмици студентите ги презентираат изработените модели; студентите кои успешно ги завршиле предвидените задачи се стекнуваат со описна оценка “успешно го ислушал предметот” и ги освојуваат предвидените кредити. Студентите кои ќе добијат оценка “неуспешно го ислушал предметот” повторно го запишуваат предметот во следната учебна година.

Предметен наставник

Проф. д-р Виктор Пајвански

Учесници во наставата

Асис. М-р Ѓорѓи димков

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk