а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Video PDF Print E-mail

 

Предмет

Видео и мултимедијално претставување

Код

2.14.4

Студиска година

втора

Семестар

четврти

Број на ЕКТС кредити

2

Вкупен број на контакт-часови

28

Вид на предметот

izboren

Предуслови

нема

Цели

Предметот има примарна задача на студентите по архитектура да им го доближи креативниот потенцијал на видеото како медиум. Видео уметноста, како една од поновите гранки во уметноста функционира на неколку интердисциплинарни рамништа кои се посебно интересни за секој визуелно ориентиран уметник кој се стреми да го прошири поимот за перцепција. Како медиум кој што е дефиниран како „временски медиум“, воедно и медиум на времето (епохата), видеото неминовно е детерминирано од временско-просторната категорија во било која од своите многубројни манифестации.

Употребата на видеото за еден архитект претставува предизвик да се де-фокусира за извесен период од својата примарна зона на интерес, што ќе резултира со нови сензации и увиди, кои пак реверзибилно ќе дејствуваат на неговата основна професионална определба. Различните медиуми се само различен аспект на истата стварност, мноштвото медиуми во процесот на изразување се мноштво можности за спознавање на феномените време и простор – и покрај нивната максимална физичка релативност, моќни детерминанти на нашето психо-физичко постоење; нивното ре-дефинирање и ре-контекстуализирање се еден од начините за нивно трансцендирање во сферите на мета-времето и мета-просторот, ултимативната цел на секоја личност.

Содржина

Теоретски сегмент

  • Наставата предвидува една сублимирана ретроспекција на историјата на видеото како уметност, неговата интердисциплинарна примена во различни области од ликовната и други уметности, што подразбира да се елаборираат неколку клучни претставници на оваа уметност и нивната револуционерна улога.
  • Преку неколку проекции студентите ќе се запознаат со избрани дела од светската и од македонската видео уметност, по што е предвидена нивна анализа и дискусија.
  • Запознавање на студентот со идејно-концепциските и материјално-техничките подготовки за реализација на самостојно видео дело.
  •  

    Практичен сегмент

  • Запознавање со основите на снимање слика и тон со дигитална камера и тест-снимање во присуство на демонстратор, како и тест-дигитализација на снимениот материјал.
  • Самостојно снимање на материјалот од страна на студентите, кој што ќе биде појдовна точка за следната етапа – монтажа на слика и тон.
  • Запознавање со основите на нелинеарната дигитална монтажа и со соодветниот софтвер.
  • Самостојна монтажа на студентите со поддршка од демонстратор;   анализа и консултации од креативен и од технички аспект
  • Финална проекција на сите видео дела во јуни претстаува воедно и завршница на овој курс.
  • Методи на наставата

    Предвидено е предметната програма да се совлада преку аудиториумски предавања, проекции, интерактивни вежби, анализи, дискусии, практични вежби, самостојно применување на знаењето, самоиницијативно делување.

    Организација на наставата

    - Kратка историја на видео-уметноста;

    - Проекции на видео дела од релевантни светскии македонски автори,                

               анализа, дискусија, Вовед во подготовки за реализација на видео дело

    - Вовед во снимање слика и тон; Тест-снимање со дигитална камера

    - Тест дигитализација  на РС, Вовед во нелинеарна монтажа и    

               дигитализација

    - Самостојна концепција и изработка на сториборд за 3 мин. видео;

               Предпродукциски подготовки;

    - Избор на 20 проекти кратка анализа и образложение;

    - Самостојно снимање на материјал

    - Монтажа на снимениот материјал; анализа и консултации

    - Презентација на реализиранните видео дела.

    На предавањата присуствуваат сите студенти, додека практичните вежби ќе се одвиваат во 5 групи од (околу) 20 студенти.

    Образовни излези

    По успешното преслушување на предметот студентот ќе  ја спознае комплексната структура на видео уметноста, која инкорпорира неколку различни уметности и претставува еден сублимат на аудио-визуелни и текстуални сензации;  ќе биде запознаен со огромното влијание на видеото врз сите аудио-визуелни медиуми, ќе го искуси идејното конципирање на едно видео дело, како и сета негова техничка реализација, која што во иднина ќе му овозможи да го користи овој медиум самостојно за реализација на своите креативни потенцијали.

    Литература и учебни помагала

    Видео Арт:

    Frank Popper  - Art of the Electronic Age

    A.Husch, G.Knapstein, Joachim Jaeger–Beyond Cinema:  The Art of Projection

    Michael Rush - Video Art

    Doug Hall – Illuminating Video:  An Essential Guide to Video Art

    Chris L. Andrews A History of Video Art:  The Development of Form and Function

    Маrk Tribe – New Media Art

    Продукција:

    А. Трпески - Филмска и ТВ Камера - книга 1, Основи на снимателската техника

    Е.Линдгерн - Уметност филма
    М. Бабац - Језик монтаже покретних слика

    М. Медиговиќ - Дигитални филм

    Обврски на студентите

    Главен услов за успешно совладување на овој предмет е студентите редовно да ги посетуваат предавањатa и практичните вежби, како и да покажат самоиницијатива и инвентивност во создавањето видео дело.

    Проверка на знаењата

    Овој предмет не предвидува полагање на завршен испит. Сите студенти кои успешно ја реализирале продукцијата на видео арт имаат должност да го прикажат истото на завршната презентација на целокупниот опус на оваа класа во јуни, што воедно ќе претставува и стекнување описна оценка „успешно го ислушал предметот„.

    Оние студенти кои не успеале да ја реализираат зададената продукција ќе добијата оценка „неуспешно го ислушал предметот“ и повторно ќе го запишат предетот.

    Предметен наставник

    Проф. м-р Аврамовска Елизабета

    Учесници во наставата

    demonstrator

     
     
    студии
    └── распореди
    └── теми-дипломски
    └── теми-магистерски
    упис и студирање
    студиска програма
    студентски конкурси
    постдипломски студии
    студентска служба
    анкети
    библиотека
    летна школа
    почетна
    пребарувај
    ukim.edu.mk