а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

Предмет

Архитектонско проектирање III

Код

3. 3. 56

Студиска година

трета

Семестар

петти и шести

Број на ЕСТЅ

кредити

2

Вкупен број на контакт часови

28

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Архитектонско проектирање II

Цели

Развивање на свест и разбирање на комплекс­носта на индивидуал­но­то домување како феномен и станот како компонента на домувањето.

Развивање на особен интерес и чувствителност за егзистенцијалниот простор како медиум на човечкото суштествување.

Стекнување фундаментални знаења за моделите на индивидуалното домување и станбената типологија.

Изучување на основните принципи на проектирање на објекти за инди­ви­дуално домување од областа на ниската, средно-високата и висо­ка­та станбена струк­тура.

Содржина

V семестар 1. Домувањето како сложен социо-културен фено­мен; пои­ми, дефи­ни­ција; модели на домување; стан­бе­на типологија, спе­ци­фи­ки во ме­то­­до­логи­јата на про­екти­рање. Повеќесемејна станбе­на згра­­да – прин­ципи на проек­ти­ра­ње; струк­тура, содржина, форма; ти­по­­ло­гија на прис­тапи/кому­ни­ка­циски сис­те­ми; композиција на план, пос­то­јани и променливи еле­мен­ти. Станот како прос­тор­но / прог­рам­ска еди­ни­ца: типологија, струк­ту­ра,органи­зација (функ­цио­нална / фор­­мална), флек­сибилност, пер­цеп­туалност, големина.

2. Архитектонска типологија: станбени блокови (згради со коридорски комуникациски системи / згради со мултиплицирани комуникациски јад­ра) и станбени кули; особености на типот, композиција на план / структурни елементи / организација / обликување.

Преглед на прототи­по­ви на модер­но­то дому­ва­ње и рецентни проекти.

VI семестар 1. Еволуција на станбеното живеалиште (историски, соци­јал­ни, мор­фо­лошки, типолошки аспекти); од вилата во модер­но­то до­ба до новата едноставност на едносемејната куќа; модели на град­ски куќи: кла­си­чен концепт –Паладио, просторен план –Лос, сло­бо­ден план – Ле Кор­бизје; куќи во природа; принципи на проектирање; пос­тап­ки на обли­ку­вање. Преглед на прототипови и рецентни проекти.

2. Домување во ниска густа станбена структура; молекуларна / лине­ар­на / двор­на; планирање на кластер енвирон­мен­ти;

 Повеќесемејна ниска станбена структура: типологија; аспекти на гру­пи­­­­рање, урбани обрасци, пристапи; концепти на стан, меѓусебни релации;

Повеќесемејна станбена структура со комбинирани пристапи; дивер­зи­тет на типови на станови; слобода во обликувањето / нов станбен пеј­заж. Преглед на рецентни проекти на нис­ката густа изград­ба. 

Методи на наставата

Предавања, анализи, компарации, истражувања, индивидуални и групни консултации.

Организација на наставата

Наставата се одвива на две основни нивоа што ја следат логиката на предметната материја: Индивидуално домување во средно-висока и висока станбена структура со елаборација на повеќесемејната стан­­бена зграда. (V семестар).

Индиви­дуал­­но домување во ниска стан­бена струк­ту­ра со елабора­ци­ја на едносемејната куќа. (VI семестар)

Студентите работат и презентираат семинарски задачи од следните теми поврзани со наставните целини:

1. Типолошко/програмска и функционално/формална анализа на стан.

2. Типолошка и просторно-програмска анализа на повеќесемејна станбена зграда. (V семестар)

1. Куќата – мој став кон архитектурата: типолошка, просторно / прог­рам­ска анализа.

2. Густа ниска станбена структура: типолошка, просторно / прог­рам­ска анализа. (VI семестар)

Образовни излези

- знаења за методологијата на проектирање на објекти за индиви­дуал­но домување;

- знаења за основните типови на објекти за индивидуално домување;

- способност за критичка анализа на просторот на куќата / станот / зградата

Литература и учебни помагала

Macsai J,., “Housing”, John Wiley & Sons, New York, 1976

Knežević G., “Visestambene zgrade”, Tehnička knjiga, Zagreb, 1986

Shervood R. “Modern  housing prototypes”, HUP, Cambridge & London, 1978

Rankovi} J. “Stanbeni kuli”, Univerzitet “Kiril i Metodij”,

       Skopje,1975

Salazar J., Gausa M. Multy family housing, Birkhauser,Barcelona, 1997

Salazar J., Gausa M. Single family housing, The private domain,

       Birkhauser,Barcelona, 1997

Raumplan versus Plan Libre: Adolf Loos and le Corbusier, 1919-1930,

      Spacial edition, Delft, University Press, 1991;

In Detail: Single Family Houses: Concepts, Planning, Construction,

       Christian Schitfich, Birkhauser, 2000

Norberg-Schulc C., “Stanovanje – staniste, urbani prostor, kuća”, GK,

       Beograd, 1991

Untermann R., Small R., “Site planning for cluster housing”, VNR, New

       York, 1977

Alexander Tzonis, Le Corbusier The poetics of machine and metaphor,

       Thames and Hudson, London, 2001

Alexander C., Chermaeff S. “Community and privacy” Inc. Carden City,

       New York, 1965

Venturi R. “Složenosti i protivurečnosti u arhitekturi”, AG, Beograd

Обврски на студентите

Студентите се должни редовно да ја посетуваат наставата и успешно да ги изработат и презентираат семинарските задачи.

Проверка на знаењата

Проверката на знаењата е континуирана преку изработката и пре­зен­тацијата на семинарските задачи и изразена со бодови:

V семестар:

редовна посета и активност на предавањата – макс. 10 бодови

семинарска задача бр.1 – макс. 30

семинарска задача бр. 2 – макс. 60

VI семестар:

редовна посета и активност на предавањата – макс. 10 бодови

семинарска задача бр.1 – макс. 30

семинарска задача бр. 2 – макс. 60

Останатите услови се уредени со Правилата за студирање.

Предметен наставник

Проф. д-р Зорица Блажевска

Учесници во наставата

Проф. д-р Минас Бакалчев

Асист. м-р Саша Тасиќ

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk