а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
ArhUmetnost3 PDF Print E-mail

Предмет

Историја на архитектура и уметност 3

Код

3, 9, 5

Студиска година

трета

Семестар

петти

Број на ЕСТЅ

кредити

2 (два)

Вкупен број на контакт часови

28

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

Историја на архитектура и уметност 2 (потпис)

Цели

Стекнување на потребни знаења за различните кон­цепти од исто­ри­јата на архитектурата и уметноста во корелација со општествено-еко­ном­ските односи на конкретниот период во раз­во­јот на цивили­за­ци­ја­та, како и проучување на карактеристиките на одделните стилски пе­риоди преку најпознатите дела на најзначајните мајстори од дотич­ни­от период. Стекнатите знаења се поставуваат во функција на пра­вил­но вреднување на градителското наследство и извлеку­ва­ње поуки во создавање нови вредности.

Содржина

Во првиот блок предавања студентите се запознаваат со архитекту­рата и уметноста на ренесансата и тоа: раната, високата и доцната ре­несанса во Италија, како и нејзините одблесоци во останатите европски земји. (Период од почетокот на XV до крајот на XVI век)

Во вториот блок предавања студентите се запознаваат со архитекту­ра­та и уметноста на барокот, рококо, класицизмот, романтизмот и реа­­­­лизмот во европските земји и нејзините одблесоци на амери­кан­скиот континент. (Период од почетокот на XVII до крајот на XIX век).

Уметноста се третира во најнеопходниот обем за да се сфати нејзиното влијание врз развојот на архитектурата.

Методи на наставата

Елаборацијата на предметните содржини антиципира:

- методи на  анализа: компарација, емпирија, генерализација, апстрак­­ција, хронологија....

- методи на синтеза;

- метод на учење во реален контекст

Организација на наставата

1. Аудиовизуелни предавања – 22 часа,

2. Интерактивна настава – 2 часа, се одвива по групи. Преку литература или директен увид на терен (прв и втор тер­мин) сту­дентот треба да ги анализира, односно препознае, компарира, генерализира и апстрахира фактите, а резултатите да ги презентира, добивајќи прашања од наставникот (или студентите).

3. Колоквиум – 4 часа (2 х 2) во седмиот и четритинаесетттиот термин.

Образовни излези

Студентите се стекнуваат со знаења за препознавање на стилските периоди во развојот на архитектурата и уметноста преку делата на најзначајните творци од дотичниот период. На таков начин, тие мо­жат да ја сфатат меѓузависноста во развојот на архитектурата и оп­штес­твото, правилно да ги вреднуваат основните параметри на архи­тек­турата и да извлечат поуки за создавање на нови архитектонски вредности.

Литература и учебни помагала

Основна достапна литература – одделни поглавја од:

Токарев Михаил. Архитектурата, скулптурата и сликарството на новиот век. Скопје, 1999.

Banister Fletcher. A History of Architecture. Edited by Dan Cruickshank, Architectural Press, Butterworth-Heinemann, Oxford 1896-1996.

Janson H.W. Istorija umetnosti. Jugoslavija, Beograd 1965.

Atlas Architecture I, Golden marketing, Zagreb 1999.

Velike arhitekture svijeta. Urednik Miroslav Kušanjac, Mladost, Zagreb 1981.

Обврски на студентите

- редоност и активност во аудиовизуелната

  и интерактивна настава                                              до 30 бода

- колоквиуми (2)                                                             до 70 бода 

                                                        _______________________________    

                                               Вкупно:                            до 100 бода                         

Проверка на знаењата

За студентите кои освоиле од 60 до 100 бода оценката се заокружува на цел број според Правил­никот.

За студентите кои освоиле од 51 до 59 бода се одржува усмен испит, при што може да освојат од 9 – 16 бода.

Предметен наставник

Доц. д-р Елизабета Касапова

Учесници во наставата

Асист. м-р Ана Ивановска

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk