а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Revitalizacija PDF Print E-mail

Предмет

Ревитализација на градителското наследство

Код

5, 5, 9

Студиска година

петта

Семестар

девети

Број на ЕСТЅ кредити

4 (четири)

Вкупен број на контакт часови

56

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

Документирање и истражување на градителското наследство (положено) Конзервација и реставрација на градителското наследство (потпис)

Цели

Запознавање со методите и постапките на интегрираната заштита и одржлив развој на градителското наследство на архитектонско и урбанистичко ниво со изработката на Проект за реви­та­ли­зација на архитектонски објекти или историски целини.

Содржина

Првиот дел има за цел студентите да ги запознае со: интегрираната заштита како поим, нејзините начела и политики, во администра­ти­вен, финансиски, социјален, образовен и самоодржлив поглед.

Вториот дел се однесува на методите кои се користат во ревитализа­цијата и тоа дистинктивно за архиткетонското наследство и историските јадра (урбани, рурални, културен предел и сл.) со посе­бен акцент на аспектите:

* програмска и проектна етика – потреби и можности на објектите, термините и нивните контактни зони (функционални, физички, естетски и сл.); дозволени интервенции во зависност од режимот на заштита (доградби, надградби, интерпелации и сл.);

* правно-економска заснованост; самоодржливост (културен туризам, рурален туризам и сл.);

* содржина на Планови и Проекти за ревитализација (на архитектон­ско и на урбанистичко ниво);

Третиот дел се однесува на европски и глобални искуства и реализации

Методи на наставата

- Аудио-визуелни предавања,

- посета на карактеристични објекти и историски јадра со пробле­ма­тика од свера на ревитализација, посета на конзерваторска и реставраторска институција

- синтеза на стекнатите теориски и теренски сознанија преку нивна примена низ Проект за ревитализација.

Организација на наставата

Наставата се одвива во три блока:

1. Предавањата се одржуваат компримирано во неколку термини со пов­ре­мено учество на специјалисти од одредената проблематика.

2. Настава на терен и во специјализирани институции.

     Блоковите 1 и 2 опфаќаат 14 часа.

3. Изработка на Проект за ревитализација  – 42 часа.

    Проектот претставува примена на стек­на­тите теориски знаења од 1 и 2 блок. Со него се тре­ти­раат истите објекти кои се обработени во VII и VIII се­местар. Студен­ти­те на крајот јавно го презентираат проектот, по што се развива диску­сија и про­вер­ка на знаењата. Во тек на изра­ботката и презентацијата на проектот учествуваат и надворешни спе­цијалисти.

Образовни излези

Студентите се стекнуваат со теориски и практични знаења за при­ме­на на методите за ревитализација на поединечен објект или це­ли­на, со цел да се обезбеди нивна самоодржливост, како и да станат ин­тегрален дел и елемент за идентификација на современите населби.

Литература и учебни помагала

Одредени поглавја од:

Fister Peter. Obnova in varstvo arhitekturne dediščine. Partizanska knjiga, Ljubljana, 1979

Marasović Tomislav. Aktivni pristup graditeljskom nasljedju. Sveučilište u Splitu. Društvo konzedrvatora Hrvatske, Split, 1985

Brguljan Vladimir. Međunarodni sistem zaštite kulturnih i prirodnih dobara. RZZSK, Beograd, Zagreb, 1985

Fielden B. M. Uvod u konzervaciju kulturnog nasleđa. Društvo konzer­va­tora Hrvatske, Zagreb, 1981   

Fielden B. M. Conservation of Historic Buildings. Butterworth – Hienemann

Macura Vladimir. Čaršija i gradski centar. Gradina, Niš, 1982

Protection et animation culturalle des monuments, sites et villes historiques en Europe.Commission allemande pour l’UNESCO, Bon, 1980

Вученовиќ Светислав. Урбана и архитектонска конзервација, Том 1: Свет-Европа. Друштво конзерватора Србије, Београд, 2004

Обврски на студентите

- Редовно присуство и активност на часови:  статутарна обврска

- успешно изработен Проект                                  до 75 бода;

- квалитет и знаење во презентацијата

  на Проектот                                                        до 25 бода;

 ____________________________________________

                                           Вкупно бодови:    мах. 100 бода;

Проверка на знаењата

За студентите кои освоиле од 60 до 100 бода, оценката се заокружува на цел број согласно правилата на студирањето

За студентите кои освоиле од 51 до 59 бода се одржува испит, при што можат да се освојат од 9 до 16 бода.

Предметни наставници

Доц. д-р Елизабета Касапова

Учесници во наставата

Асист. м-р Ана Ивановска

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk