а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Legislativa PDF Print E-mail

Предмет

Урбанистичка и градежна легислатива

Код

5.6.9

Студиска година

5. (петта)

Семестар

9.

Број на ЕKТС кредити

2

Вкупен број на контакт часови

28

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Запознавање со законодавството кое го уредува просторното и урбанистичкото планирање, спроведувањето на плановите, уредувањето на просторот и градењето. Вовед во легислативата која е од суштинско значење за професионалното делување на архитектот  планер, проектант, инспектор,  надзор, ревидент, изведувач и инвеститор.

Содржина

Уставноправни рамки за планирањето, уредувањето и заштитата на животната средина. Просторен план и спроведување на просторниот план. Урбанистичко планирање и уредување на просторот. Градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и  води. Земјиште за општа употреба, јавни патишта, инфраструктури и комунални дејности. Сопственост и сопственички права, премер и катастар, експропријација. Заштита на културното наследство, животната средина и природата. Градење и учествување во градењето: проектирање, ревизија, изведба, инвестиција, инспекција. Облигациони односи, општа управна постапка, трговски друштва и даноци. Авторски права, професионално здружување во комора и професионална етика.

Методи на наставата

Дескриптивната експозиција на конкретни закони, прописи и стандарди се комбинира со проблемска анализа на ситуации, процеси и процедури од различните области на професионалното делување на архитектот.

Организација на наставата

Наставата е организирана во два циклуси од по 6 предавања , а по секој циклус следи колоквиум за проверка на знаењата.

Образовни излези

Студентите треба да ги знаат законодавно - правните рамки за професионалното делување во сите области на матичната стручност: изработување на проектна документација, изработување на планска документација, изработување на стручни ревизии, вршење стручен надзор, вршење на инспекциски надзор, водење на управни постапки за донесување на урбанистички планови, за решение за локациски услови , одобрение за градење и одобрение за употреба на објекти, управување со градилиште, управување со проектантски фирми и инвестирање во објекти.

Литература и учебни помагала

Збирка на закони, правилници, технички стандарди и други подзаконски акти од предметната област.

Обврски на студентите

Присуство на предавања и успешно положени колоквиуми.

Проверка на знаењата

Знаењата се проверуваат во текот на предавањата и на колоквиуми. Завршната оценка е аритметичка средина на оценките од поединечните проверки.

 Предметен наставник

Проф. д-р Мирослав Грчев

 Учесници во наставата

Асист. Д-р Дивна Пенчиќ

 

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk