а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Библиотеката функционира како посебна работна единица. Постои од формирањето на факултетите и бележи постојан подем во своето работење, вбројуваќи се, во моментов, во редот на најуспешните високошколски библиотеки во земјава.Библиотеката работи според важечките меѓународни библиотечни стандарди.

Функција

Библиотеката врши набавка на секаков вид библиотечен материјал (книги, списанија, стандарди), согласно потребите на своите корисници, врши обработка и средување на тој материјал според меѓународните библиотечни стандарди и им овозможува на своите корисници брз и едноставен достап до информации во врска со книжниот фонд.

Книжен фонд

Книжниот фонд на библиотеката го сочинува стручна литература од областа на arhitekturata i urbanizmot и ним сродните науки и дисциплини. Според обемот на книжниот фонд библиотеката е една од најбогатите високошколски библиотеки кај нас. Фондот постојано се збогатува и, во моментов, Библиотеката на Архитектонскиот факултет располага со околу 10.000 книги, i 6.000 списанија и часописи. 

Во овој број спаѓаат и посебните збирки на докторски дисертации, магистерски трудови, речници и прирачници, материјали од научни собири и конференции, стандарди и сл.

Книжниот фонд им е достапен на корисниците преку класични библиотечни каталози.

Корисници

Услугите на библиотеката ги користат сите студенти, магистранти и докторанти на Архитектонскиот факултет, наставничкиот персонал на двата факултета и останатите вработени.

Бројот на публикации што се даваат на користење и времето на користење се ограничени.

Иако библиотеката е од затворен тип, таа е достапна и за надворешни корисници, се во интерес на доброто библиотечно работење и библиотекарската етика.

Простор и работно време

Освен работната просторија во состав на библиотеката спаѓа и магацински простори со читална.

Работното време на библиотеката е од 10-13 ч., секој работен ден.

Посебни услуги

Библиотеката има воспоставено активна соработка со НУБ "Св. Климент Охридски" и во таа смисла постои можност за користење на повеќе домашни и странски бази на податоци.

Раководител на Библиотека

д-р Меланија Шерденковска

This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  

тел. 3116328 / 155

This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk