а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Балкански форум за архитектонско образование

Прва конференција на архитектонските факултети од Балканот

Респонзивното архитектонско образование и културниот диверзитет на Балканот

Охрид, 19-21 септември 2002

Учесниците на Првата конференција на архитектонските факултети од Балканот што се одржа во Охрид од 10-21 септември 2002 година, кои претставуваа 15 факултети од девет земји во регионот, ги разгледуваа прашањата за иднината на архитектонското образование во светло на тековните процеси кои влијаат на високото образование и особено на европскиот простор на високото образование.

Учесниците ја изразија својата подготвеност да ја подобрат соработката помеѓу факултетите во регионот и исто така во рамките на активностите на ЕААЕ (Европската асоцијација за архитектонско образование). Тие ја превземаа обврската да ја пренесат оваа подготвеност во нивните факултети. За да ја остварат оваа цел учесниците се согласија да предложат формирање на работна група која ќе ги истражи начините за координирање на идните активности, да предложат активности и да ја подготват идната средба во период од две години. Членовите на групата ќе бидат назначени од факултетите кои беа претставени на оваа средба.

Работната група ќе ги информира редовно учесниците и нивните факултети за напредокот и резултатите од нејзината работа.

Учесници од следниве архитектонски факултети присуствуваа на Конференцијата: Љубљана, Загреб, Сараево, Бања Лука, Нови Сад, Белград, Ниш, Букурешт, Софија, Анкара (Гази Универзитетот и МЕТУ), Истанбул (Јилдиз Универзитетот и Мимар Синан Универитетот), Солун и Скопје

 
 
балканфорум
работилници
изложби
награди
предавања
меѓународни активности
студентски организации
летна пракса
конкурс
интранет
download
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk