а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет:   Математика 

 Код: 1.11.12

Година: прва

Услов:

Студентите имаат обврска на редовно следење на наставата(предавања и вежби) и учество на колоквиуми. Добивањето на потписот е во зависност од претходното.

Услов за добивање на потпис: За да се добие потпис за првиот семестар потребно е освојување на најмалку 60 бода, а за вториот семестар освојување на најмалку 51 бод.Начинот на кои се добиваат бодовите е покажан во графата проверка на знаењата.За добивање на бодовите потребно е: Редовна посета на предавањата и вежбите.

Учество на колоквиуми од кои во зависност на покажаното знаење се стекнуваат бодови.

Цел:

Целта на предметот е студентот да стекне основни познавања на некои математички концепти, меѓу кои се и дифернцијалното и интегралното сметање, без кои голем број современи архитектонски градби не би можеле да се реализираат. Предметот има за цел студентот да се запознае и со естетските вредности на математиката како и со  филозофско-математичкото значење на идејата за симетрија. Студентот ќе биде запознат со развојот на математичката мислаи нејзиниот придонес и значење за современото опшество.

Предавања:

Елементи од теоријата на броеви.Реални броеви.Низи од реални броеви. Функции од една реална променлива. Граница на функција во точка. Непрекинатост на функција. Елементарни функции . Поим за извод и диференцијал, основни својства. Основни теореми на диференцијалното сметање. Лопиталово правило. Примена на изводи за конструкција на график на функција. Поим за примитивна функија и неопределен интеграл. Интегрирање со смена на променливи. Парцијална интеграција. Определен интеграл , основни својства. Примена на определен интеграл за пресметување на плоштини на рамнински фигури, должина на лак на крива, волумен на ротационо тело. Пропорции. Златен пресек. Броеви на Фибоначи.

Концепт на симетрија.Врска помеѓу теорија на групи и геометрија.

Математиката како иинструмент за спознавање и интерпретација на природата и за создавање на нови форми и концепти.

Вежби:

Организација на наставата:

Наставата на предметот ќе се одвива на следниот начин:

Два часа предавања и еден час вежби неделно.

Наставата би се одвивала со групирање на часовите предавања и вежби во седум термини со по 3(2+1) часа. После тоа следува колоквиумска недела.

Во колоквиумската недела студентот полага контролен тест-колоквиум со прашања и задачи од наставната материја што се изучува за да се провери степенот на совладаност на материјата.

Литература:

- Марија Оровчанец, Математика, Скопје ,Универзитет “Св.Кирил и Методиј” 2001

- Елена Атанасова,Слободанка Георгиевска, 

Математика 1, Скопје, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” 2003

- Елена Атанасова,Слободанка Георгиевска

Математика 2, Скопје ,Универзитет “Св.Кирил и Методиј” 2002

- Никита Шекуткоски, Математичка анализа 1;Просветно дело 1996

- Герман Вейл, Симетрия, Издательство “Наука”, 1968 Москва

- С.В.Дужин  Б.Д. Чеботаревски, От орнаментов до дифференциальных уравнени, Издательство Вышэјшая школа 1988, Минск

- Морис Клайн, Математика-поиск истины, Издательство “Мир” 1988 Москва

Оценување:

За редовност:и континуирано присуство на предавања и вежби се добиваат максимално 10 бода (за секој семестар). Во текот на секој семестар ќе се одржат два колоквиума (за време на колоквиумските недели) и од секој колоквиум може да се освојат максимално 45 бода.

Во секој семестар максимално може да се освојат 100 бода(10 бода од редовност во наставата и 90 бода од колоквиуми).

За да се стекне со право за добивање потпис за предметот, студентот треба да освои најмалку 60 бода во првиот и најмалку 51 бод во вториот семестар. Во спротивно, студентот нема право да добие потпис и повторно го запишува предметот.

Оценката се формира врз основа на освоените бодови по сите основи во двата семестра, поделени со два, согласно Правилата за студирање

Студентите задолжително полагаат испит како завршно оценување доколку се во категоријата со минимум освоени бодови во семестрите или доколку сакаат да го подобрат успехот кој го постигнале низ континуираната проверка во текот на семестарот. Испитот се состои од писмен испит и устен испит. Крајната оценка се формира кога на претходно освоените (просечни) бодови се додадат бодовите од испитот.

Предметен наставник: Доцент д-р Љупчо Настовски

Асистент: м-р Валентина Гуговска

Демонстратор: Ана Кафтаноска


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk