а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет: Нацртна геометрија

 Година: прва

Услов:

Цел:

Како базична дисциплина нацртната геометрија има основна цел да ја развие способноста на студентите за согледување на тродимензионалните просторни форми и нивните меѓусебни односи како и нивното претставување на дводимензионален цртеж, согласно со меѓународните стандарди на универзалниот јазик на техничкиот цртеж. Од друга страна, оваа дисциплина овозможува јасна  презентација на сопствените идеи за организација на просторните форми преку создавање на сопствен технички цртеж, како основна претпоставка за постоењето и егзистирањето на било која инжињериска дисциплина.

 

Предавања:

Предавањата се аудиториумски и задолжителни.

Вежбите се организирани во групи од по приближно 15 студенти. Задачите за вежби се задаваат на студентите една седмица пред нивната реализација. Секоја група работи под водство на асистент или демонстратор. Вежбата се исцртува во молив, на бел лист хартија А3 формат и е димензионирана така да просечен студент може  да ја заврши за два часа. Истите се оценуваат како позитивни или негативни. Негативните вежби се преработуваат дома.Во зависност од редовноста и резултатите, од редовните вежби можат да се добијат највеќе 20 бода.

Во текот на првиот семестар се работат два програми од актуелната материја, кои се цртаат на хамер А3 формат во туш. Секој студент добива различни задачи кои се оценуваат со поени од 0 до 10.Во вториот семестар наставата се одвива на ист начин како во првиот. Програмите се исто така два и се од тековната материја.

Се изработуваат вкупно 4 контролни вежби, по две во секој семестар, кои се оценуваат со поени од 1 до 25.

Вежби:

Организација на наставата:

Литература:

Анагности Петар, Нацртна геометрија, Завод за издавање уџбеника Србије, Београд 1988

Ниčе Вилко, Дескриптивна геометрија, Šколска кнјига, Загреб, 1988

Трпковски Бранко, Олуиќ Андреја, Нацртна геометрија, скрипта, Скопје 2001

Оценување:

Се следат и вреднуваат севкупните активности на секој кандидат.

За премин од прв во втор семестар ( добивање потпис за прв семестар) минимум е добивање на 60 бода:

-        редовно присуство на предавања                               мах.   6 бода

-        редовно присуство и позитивно оценети

редовни вежби                                                               мах. 24 бода

-        позитивно оценети програми                                        мах. 10 бода

-        две контролни вежби                                                    мах. 60 бода

За добивање потпис по завршување на вториот семестар потребни се минимум 51 бод, условите за чие добивање се исти како во првиот семестар.

Предметен наставник: Проф. д-р Косто Мангароски

Асистенти: Доцент. д-р Бојан Каранаков, Асист. м-р Добре Николовски,  Асист. м-р Филип Ценовски  и соодветен број демонстратори

 


вежба инженерска графика - градежен факултет

 


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk