а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 

Предмет

Ликовно Изразување

Код

1. 7. 12

Студиска година

прва

Семестар

прв и втор

Број на ECTS кредити

2 (1+1)

Вкупен број на контакт часови

 

56 (28 + 28)

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

нема

 

Цели

Концепцијата на програмата на предметот Ликовно изразување е развивање на перцепцијата и визуели­зацијата на просторот како неопходен феномен во про­це­сот на креирање на простор,  просторни соод­носи и волумени кај идните архи­тек­ти.

Затоа, основната цел на предметот, преку совладување на различните техники на цртање и компонирање, е оспособување на студентите да се изразуваат преку лик, облик и фор­ма, т.е. графички да се артикулираат, или едноставно да ја учат вештината на цртањето и компонирањето.

 

Содржина

Прв семестар:

Вовед - Значење на предметот Ликовно изразување; Начин на гледање - опсервација на моделот, Оптички илузии; За композицијата; Пропорција, Златен пресек; Визуелна пер­спек­тива - дистанца и простор; Цртачки техники и ликовни елементи: линија, површина и волумен, контраст-светло-сенка; Скица како основен елемент на изразување

Втор семестар:

Пропорција и конструкција на глава и фигура; Портрет и фигура по гипсен модел; Портрет и фигура по жив модел – демонстрација; Графика и графички техники – линорез и печатење на графики; Графички дизајн; гостување на дипл.акад.графичар; Трансформација на соп­ствен цртеж во скица за линорез; печатење на графиките од сопствено клише во линорез; Студија на урбан простор – ведута, екстериер и ентериер; сликарска техника – пастел и колаж; Вежбите се предвидени за изработка на графички прилози и практична примена на проблематиката дискутирана на предавањата

 

Методи на наставата

 

 

 

Наставата се одвива преку предавања и вежби.

Предавањата се пропратени со усмени излагање на професорот и компјутерка проекција на примери. Се предвидуваат и гостувања на ликовни уметници, дизајнери, дипломирани архи­текти, писатели и му­зичари, воопшто автори од областа на уметноста, во зависност од проб­ле­матиката и полето на интерес.

Вежбите се одвиваат во групи на студенти во атељето на факултетот, соодветно опремено за таква настава. Вежбите се состојат во слободорачно цртање и изработка на вежбите според одреден модел.

Преку изучувањето на методите и анализа на творештвата на разни уметници и постапки во уметноста, предметот ја иницира способноста за критичкото размислување на студентите и воедно ги запознава со одредени тенденции во уметноста, со што се развиваат индивидуал­ните интереси и слоеви на личноста.

 

Организација на наставата

Предметот е двосеместрален.

Наставата се одвива преку предавања и вежби во текот на 12 недели во семестарот.

Фондот на часови е 0+2 во тек на 14 недели, вкупно 28 часови во текот на 1 семестар или 56 часови во текот на учебната година.

Предвидени се вкупно 4 часа предавања, 20 часа вежби и 4 часа колоквиуми во семестар:

(* кабинетот го задржува правото за измени во редоследот, т.е. рокади на предавањата во зависност од околностите)

 

Образовни излези

Стекнати знаења, разбирања и вештини се: поставување на композиција; совладување на фор­мат; примена на пропорција и перспективата; примена на контраст; употреба на ски­ца; индивидуалност на израз; совладување и примена на: техниката-методот на цртање и цртач­ките техники.

Студентите треба да се способни за слободорачно графичко изразување на идеја за одреден простор во форма на скица или цртеж.

 

Литература и

- Историја на уметност низ писма на големи творци – Ричард Фридентал, едиција Југославија, Белград (фотокопии во Факултетската библиотека)

- Рудолф Арнхајм,  Уметност и визуелно опажање, Универзитет уметности у Београду, 1987

- Василиј Кандински, За духовното во уметноста, Култура, Скопје, 1995

- Пол Кле, Записи о уметности, едиција Езотериа, Београд, 1998

- Динамична анатомија – Берн Хогарт (Burne Hogart) или Анатомија за уметници (Факул­тетска библиотека)

- Монографии на уметници: Леонардо, Микеланџело, Дирер, Рембрандт, Ван Гог, Сезан, Пикасо, Брак, Матис, Мондриан, Кле, Швитерс и др. (Факултетска библиотека)

Се препорачува да се користи и следната интернет-литература׃

- Hegel’s Lectures on Aesthetics, http://www.marxists.org/reference/archive/hegel/works/ae/index.htm

- Artlex Art Dictionary, http://artlex.com/ ; Museum of Harmony and Golden Section, http://www.goldenmuseum.com/

- Golden Number, http://goldennumber.net/

- Olga’s Gallery – Artist index, http://www.abcgallery.com/alfaindM.html

- Ingenta Connect - The home of scholarly research, http://www.ingentaconnect.com/

 

Обврски на студентите

Услови за потпис:

задолжителна посета на предавања и вежби, задолжително присуство и изработка на сите колоквиуми и освојување на најмалку 60 поена во првиот и најмалку 51 поен во вториот семестар.

За освојувње на поените потребна е редовна посета на предавањата и вежбите, изработ­ка на двата колоквиума во секој семестар и изработка на најмалку 8 во првиот, односно 7 вежби во вториот семестар.

 

Проверка на знаењата

Континуираната проверка на знаењата се одвива преку два колоквиуми во семестарот. На колоквиумот се оценуваат сите претходно изработени вежби и изработениот колоквиум.

Просечната оценката од четирите колоквиуми во текот на двата семестра ја дава конечната оценка на предметот.

Во случај на оправдано отсуство од колоквиум, кога неможе да се сумира оценката, се полага испит од делот на методските единици кои недостасуваат.

Студентите кои во текот на двата семестра имаат освоено помалку од 51 поен не добиваат потпис и одново го запишуваат предметот.

Студентите кои имаат освоено помалку од 51 (60) поени, понатамошните обврски ги регулираат во согласност со Статутот на Факултетот.

Предметен наставник

вон. проф. м-р Наташа Милованчев, дипл.инж.арх. и академски сликар

Учесници во наставата

демонстратор׃ Христина Стојчевска

 

 

 

 

x


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk