а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 1    Код 1.4.12

Учебна година: 2013 / 2014

Предметен наставник: Доц. д-р Огнен Марина

Помлад асистент: Александар Петровски

ПРЕДМЕТНА ПРОГРАМА

Тип на предмет: Задолжителен

Предуслови: нема

I семестар: Вовед и цел, архитектура, градителска традиција, вообичаени кон­струк­тив­ни системи, вертикални конструктивни елементи – поими, намена и улога во кон­структивниот систем; неконструктивни архитектонски еле­менти – поими, на­мена, функција и соодветна материјализација; врзни средства – состав, при­мена и припрема; сето ова со нагласена инкор­порација на градежните материјали

II семестар: - Во рамките на II-от семестар – хоризонтални конструк­тив­ни елементи – поими, видови, функција, структура; темелење – поими, видови, функција; водење на вертикални оџачки и венти­ла­циони ка­нали како специфичен проблем во архитектонските објекти; подови и плафони како значајна материја во обработката на просторот.



Евалуација на знаењата:

- Редовна посета на предавања - макс. 10 поени
- Редовна посета и успешна изработка на графички вежби - 60 поени
- Успешна изработка на два колоквиуми - 2 х 15 = 30 поени


Основна литература:

Љ. Филиповски, В. Бошковски, Архитектонски конструкции 1, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Архитектонски факултет, Скопје, 2005.

A. Deplazes, (Ed.), Constructing Architecture: Materials, Processes, Structures, Birkhauser, Berlin, 2005.

Помошна литература:

Leupen , B. et all, Design and Analysis, 010 Publishers, Netherland, 1997.

Clark, H. R., Pause, M. Precedents in Architecture, New Jersey, John Wiley & Sons, 1995.

Frampton, K. Studies in Tectonic Culture, The MIT Press, 2001.


Предавања од Семестар 1


 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk