а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Геоинформатички системи PDF Print E-mail

Предмет

Геоинформациски системи

Код

1. 8. 1

Студиска година

прва

Семестар

прв

Број на ECTS кредити

2

Вкупен број на контакт часови

28

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Приоритетните цели предметот ги лоцира во осознавањето, значењето и непреченото користење на геодетските и катастарските планови, топографските карти и другите графички продукти базични во планирањето и уредувањето на просторот. Во тој контекст, а следејки ја автоматизацијата во просторното планирање во приоритетните намери ке се имплементираат приодите за конвертирање на конвенционалната 2Д и 3Д документацијата во форми компатабилни со ГеоИС и CAD технологиите како и подготовка и манипулација со векторски просторни форми.

Содржина

Моделирања со просторни податоци. Дефинирање, потреба, примена и моќност на просторниот податок.

Конвенционална структура и организираност. Геодетски планови и топографски карти. Содржина и облици за публикација на објекти со геометриски и атрибутни својства. Актуелност на подлоги. Дополнување и аквизицијски методологии.  

Дигитална структура. Обликување на просторни појави. Дигитални теренски модели. Припрема, обликување и дистрибуција на дигатален податок. Обликување на дигитални структури во просторните проектирања и уредувања, реставрација на културни добра, просторни истражувања, анализи и статистики. Дефинирање и обезбедување на компатабилност на просторните податоци со софтверски платформи базични во автоматските просторни и урбанистички проектирања.

Правни норми за реализација на проектно решение. Сопственост. Верификација на просторна подлога.

Методи на наставата

Наставата ке се одвива преку предавање и вежби со синхронизираност на материјата и интерактивност во реализацијата. Вежбите ке се држат во групи.

Организација на наставата

Наставата, а следејки ја материјата на предметот е групирана во две затворени целини. Во првата половина ке се обработат конвенционалните просторни подлоги и манипулацијата со нив, а во втората половина се планирани активности базирани врз софистицирани софтверски пакети, конкурентни во областа на ГеоИС, за автоматизација во оформувањето и манипулацијата со просторна содржина која ке се реализира во сметачки центар.

Образовни излези

Непречено користење на геодетските подлоги, разпознавање на 2Д и 3Д публицирана содржина со топографски знаци и друг облик на геометриски форми и атрибутни исписи, имлементација на современи софтверски пакети во оформувањето на Дигитални Теренски Модели, формирање на дигитални податоци, со растерски и векторски записи, и CAD ориентирани геодетски планови, како и припрема и реализација на просторни анализи базирани врз ГеоИС технологијата.

Литература и учебни помагала

Геоинформациони системи, учебник, Ванчо Ѓорѓиев

Топографски планови, учебник, Илија Живковиќ

Применета геодезија, учебник, Ристо Рибаровски

Обврски на студентите

Од концептот на оценување произлегуваат и обврските и потребниот ангажман на секој студент. Семинарскиот труд се работи во тим од 4 до 5 студенти, а одбраната е избор на тимот, поединечно секој студент и/или како тим заедно.

Проверка на знаењата

Концептот на оценување ги следи целокупниот ангажман и успехот за секој студент, а се реализира по следниот принцип - од вкупно 100 поени кандидатот 10 освојува со редовност, 10 од задолжителни задачи, 40 од квалитетот на коцепирањето и изработката на семинарскиот труд и 40 од нејзината одбрана.

Предметен наставник

Професор д-р Ванчо Георгиев

Учесници во наставата

Еден соработник и демонстратори во зависност од бројот на студентите

 

 

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk