а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)

Код

1.9.2

Студиска година

Прва година

Семестар

2 семестар

Број на ECTS кредити

2

Вкупен број на контакт часови

2(1+1)(неделно)

14+14= 28 (во семестар)

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Цел на предметот е кај студентите на Архитектонскиот факултет да се создадат основи за користење на компјутерите во нивната секојдневна работа. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите потребно е претходно да се запознае со ракувањето со сметачката машина и со нејзините периферни уреди, со системската како и со програмската поддршка ориентирана кон графичко изразување. Студентите ќе се запознаат со: главните компоненти на сметачките машини, основните принципи за начинот на нивната работа, со програмската основа за системско управување со сметачите (оперативен систем), со програми за изработка и процесирање на текстови, за скенирање на графички слики, како и со програмски пакети со кои се врши комбинирање на текстови и слики. Во предметот во основен облик ќе се опфатат и елементите за програмирање. Целта е студентите да стекнат елементарни знаења за процесот на програмирање во програмските јазици кои наоѓаат примена при изготвување на пакети за компјутерско графичко комуницирање.

Со изучувањето и со примената на најновите верзии на CAD програмските пакети (AutoCAD и ArchiCAD), студентот ќе изготви целосен дводимензионален приказ на зададен архитектонски објект.

Содржина

Вовед, сметачки машини предмет, задача, примена.                 

Машинска опрема – HARDWARE. Графички станици, микросметачи, основни делови на машината, со посебен осврт на опремата наменета за приказ на графички елементи, дисплеј, печатар, скенер, плотер и друго.

Основни принципи на работа на сметачите, пренесување и обработка на информациите, влез-излез во компјутерските системи.

Програмска опрема – SOFTWARE. Системска програмска опрема, оперативни системи Windows 2000, XP, Vista.  

Апликативна програмска основа, услужни програми, текст-процесори, процесори со комбинација на текст и слика, структури и бази на податоци со обработка на статистички податоци, компјутерско комуницирање – Internet. Основи на програмирање, алгоритам, блок-дијаграм, програма, програмски пакет. Основни структури на програмски јазици, контролни и последователни структури, структури на циклус, основни графички инструкции. Елементи на компјутерска графика, основни графички елементи во проекции, погледи, пресеци, трансформации, ротација. Елементи на 2D графика

Компјутерско графичко проектирање CAD (COMPUTER AIDED DESIGN)

Програмски пакет AutoCAD и ArchiCAD

Инсталација, потребна машинска и програмска опрема, општ опис, основни функции и конфигурација на програмата.            

Едитор за цртање, припремни команди за формирање на цртеж. Операции со графички елементи, копирање, ротација, преместување, скалирање, котирање, приказ на текст.

Дводимензионален приказ и комуникација меѓу пакети, AutoLISP       

Методи на наставата

Наставата ќе се одвива со примена на најсовремени аудиовизуелни средства како и со употреба на најнови верзии на програмските пакети Предавањата ќе се одржуваат со примена на видео бим и персонален компјутер. Интерактивност на наставата ќе се обезбеди со припрема на одредена материја од страна на студентите како и преку нивни конкретни прашања на предавањата.

Почетната вежба се држи аудиториумски, со давање на заеднички воведни објаснувања. Останатите вежби се држат по мали групи. Секој студент одделно изготвува задолжителни графички задачи со примена на компјутер. При ова, со секој студент одделно се држи индивидуална настава. На крај од секоја задача секој студент го согледува резултатот на својот труд преку плотирање на истиот.

Најновите постигнувања од оваа област се следат преку посети на одредени проектни и други компјутерски организации, посета на саеми, пратење на стручна и друг вид техничка литература.

Организација на наставата

Наставата по предметот се одвива на следниот начин и тоа:

1 час предавања и 1 час вежби.

Наставата ќе се врши со групирање на часовите предавања и вежби и тоа во 6 термина со по 2 часа. Во првиот дел нагласок би се дал на предавањата, а во завршниот дел на вежбите како и на изработката на графичката задача со примена на компјутер.

Во колоквиумската недела секој студент учествува на контролна вежба - тест со прашања од наставната материја што се изучува за да се провери степенот на совладаност, од страна на студентите

На крајот, секој студент одделно работи контролна вежба со примена на компјутер по предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање

Образовни излези

Студентот ќе се запознае со основните постапки за работа со компјутерите и нивна примена во образовниот процес.

Исто така секој од нив по прослушувањето на предметот ќе биде во состојба да ги изработува сите свои програмски дводимензионални графички задачи со примена на компјутер со програмските пакети AutoCAD и ArchiCAD

Литература и учебни помагала

Основна:

Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)”, Скопје, 2007 година.

Проширена:

Дозволена е употреба и на друга литература за целосно совладување на оперативниот систем Windows, како и на програмските пакети: Microsoft Word, AutoCAD и ArchiCAD.

Покрај книги во печатен облик ќе се користат и материјали дадени од производителите на програмските пакети во електронски облик во .PDF формат.

Софтверски пакети:

 Во предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) главно ќе се користи оперативен систем Windows 2000, XP и Vista како и програмските пакети: Microsoft Word, AutoCAD и ArchiCAD.

-          Дозволена е употреба на секоја понова верзија на овие програмски пакети, како и на други нови подобри програмски пакети.

Обврски на студентите

Услов за добивање на потпис:

Редовна посета на предавањата и вежбите.

Активно учество на студентот на нив.

Успешно изработени и позитивно оценети задолжителни задачи графички компјутерски вежби:

- изработка на основа на сопствениот стан во 3D Home Architect

- изработка на задача во едитор со комбинација на текст и слика

- воспоставување на компјутерска графичка комуникација со Internet

      - изработка на дводимензионална компјутерска презентација на објект со примена на AutoCAD и ArchiCAD.

Во текот на неделата во два термина од по 2 часа предвидени се консултации со студентите како и работа на студентите во Компјутерскиот центар во слободните термини.

Право на испит се стекнува со позитивно изработена тест контролна вежба.

Проверка на знаењата

Редовност: за континуирано присуство на предавања и вежби 10 бода.

Активност: за квалитетна изработка на колективни вежби 10 бода.

за квалитетна изработка на индивидуална вежба 20 бода;

Знаење: индивидуална контролна тест-вежба  до 20 бода;

Вештина: На контролна вежба со компјутер по предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) се врши самостојно изработка со употреба на компјутер на зададен архитектонски објект во две димензии кој се оценува до 40 бода;

Студентот по сите основи може да освои 100 бода. Студентот ја совладал предметната програма ако освои најмалку 60 бода, а со право за полагање дополнителен испит се стекнува во колку освои мин 51 бод.

       Оценката по предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) се добива според збирот на бодовите добиени за активното присуство на предавањата и вежбите, за задолжителните колективни и индивидуални графички вежби, контролната тест-вежба и контролната вежба која се спроведува како самостојна работа на студентот на компјутер.

Формирање на оценката е според Правилата за студирање.

Испитот по предметот Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) се состои од самостојна изработка со употреба на компјутер на зададен архитектонски објект во две димензии кој се оценува до 16 бода.

Предметен наставник

Проф. д-р Косто Мангароски

Учесници во наставата

Спец. Митка Христова

Асс. м-р Добре Николовски

Помл. асс. Филип Ценовски

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk