а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 2   

Код:                                             2.3.34

Студиска година:                        втора

Семестар:                                   четврти

ECTS кредити:                            6 (3+3)

Фонд на часови:                         2+0

Статус:                                         задолжителен

Предуслови:                                Архитектонско проектирање 1

Термин:                                        Вторник, 09 – 11ч, АМФ.

УЧЕСНИЦИ ВО НАСТАВАТА:

Доц. д-р. Михајло Зиновски

Асист. м-р. Јован Ивановски

ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ:

Разбирање на проектниот процес како мисловен процес/низа на логични постапки (од идеја до реализација). Студентите да ги добијат фундаменталните знаења и инструментите на проектирањето и да ги експериментираат постапките на конципирањето на архитектонскиот проект. Активностите на проектот треба да ја поттикнат имагинацијата на студентот, како во дефинирањето и организирањето на мислењето за просторот и во изнаоѓањето на методи и техники за негова направливост.

ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО:

Проверката на знаењето по Архитектонско проектирање 2 се врши преку колоквиумски задачи. Колоквиумските задачи по Архитектонско проектирање 2 претставуваат систем од мисловни, графички и моделарски вежби преку кои се врши проверка на знаењето и вештините на студентите по архитектура од втора година. Во фокусот на колоквиумските задачи се наоѓа архитектонскиот простор, неговото разбирање и способност за замислување и обликување, како и вештините преку кои архитектонските замисли се претвораат во тродимензионални просторни реалности. По својата природа колоквиумските задачи се проблемски, каде секоја од задачите се занимава со фундаментални аспекти од процесот на архитектонско проектирање. Според својата комплексност вежбите последователно се движат од едноставни кон посложени. Во рамки на секоја вежба се зададени различни параметри кои се рестриктивни и на кои мора соодветно да се одговори.

Во текот на двата семестри се изработуваат вкупно 3 колоквиуми; еден во зимскиот семестар и два во летниот семестар. Времетраењето за изработка на секој колоквиум е 6 недели. Предавањето на секој колоквиум е проследено со јавно изложување на пристигнатите трудови. Секој колоквиум се оценува со максимум 30 поени, распоредени во 3 задачи од кои секоја носи по 10 поени. Во рамки на секоја задача, од вкупно 10 поени, со максимум 5 поени се оценуваат: 1. јасноста на идејата/одговорот и 2. вештината на изработка на моделот и графичките прилози. Колоквиумот се смета за положен доколку студентот освои најмалку 16 поени. Од вкупниот број на освоени поени по сите 3 колоквиуми во текот на учебната година се изведува завршната оценка по предметот. Доколку на трите колоквиуми бидат освоени помалку од 46 (од вкупно 90) поени, студентот не ги исполнил обврските кон предметот и истиот повторно го запишува.

ОСНОВНА ЛИТЕРАТУРА:

-  Alexander, Christopher, “Notes On The Synthesis Of Form”, London, 1973, Oxford University Press

-  Alexander, Christopher, “Community And Privacy”, New York, 1965, Anchor Books Doubleday&Company, Inc

-  Arnhajm, Rudolf, ”Umetnost i vizuelno opažanje”, Beograd, 1981, Univerzitet umetnosti u Beogradu

-  Brodbent, Geoffrey, “Design In Architecture”, London, 1977, John Wiley&Sons

- Ching, Francis D.K. Architecture. Form, Space and Order. (3rd edition) John Wiley & Sons, Inc., USA, 2007

-  Norberg-Schulz, Christian, ”Genius Loci – Towards A Phenomenolpgy Of Architecture”, London, 1980, Academy Editions

-  Norberg-Šulc, Kristijan, “Egzistencija prostor i arhitektura”, Beograd, 1975, “Gradjevinska knjiga”

-  Hertzberger, Herman, “Lessons For Students In Architecture”, 1991, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

-  Hertzberger, Herman, “Space and the Architect -Lessons In Architecture 2”, 2000, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

ПОМОШНА ЛИТЕРАТУРА:

- К. Александер et al., Јазик на обрасци, Академски печат, Скопје, 2010

- Ернст Нојферт, Архитектонско проектирање (39то издание), Арс Ламина ДОО, 2010

 

 

 


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk