а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

АРХИТЕКТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 2

 Предмет

Архитектонски конструкции 2

 Код

2.3.34

 Студиска година

Втора

 Семестар

III и IV семестар

 Број на ЕКТС  

 кредити

 

2 x 4 = 8

 Вкупен број на контакт часови

2 + 2 = 4 x 14 + 4 x 14 = 112  часа

 Вид на предметот

Задолжителен

 Предуслови

Освоени кредити од предметот Архитектонски конструкции 1

 

Цели

 

Запзнавање на студентите со принципитеи методите за анализа на одредени архитектонски проблеми посочени во тематските подрачја на предметот низ проектиран архитектонски детал, со посебен акцент на неговото знаење во процесот на проектирање и развивање на архитектонски проекти (ниво на презентација во основен архитектонски проект и проект за изведба).

 

Содржина

 

III семестар: Тема 1:  отвори во ѕидови;

                                    (Стандарди: МКС Д.Е.1.100 и МКС Д.Е.1.020)

                      Тема 2 : Скали и скалишен простор

IV семестар: Тема 3:  бондручни системи  

                      Тема 4. Дрвени кровни конструкции (кров и поткровен простор)

                      Тема 5: Покривање на коси кровови, принципи и материјали

 Методи на наставата

 А. Предавања: Се користат визуелни и друг вид информации од наведените    

                            тематски подрачја

Б. Вежби:           Анализа на тематските подрачја низ куси графички

                            проблемски задачи низ интерактивна настава

В. Консултации: (за предавања и вежби

 Организација на наставата

 А. Предавања: 2 часа: 2x12=24 часа/семестар

                          Консултации за предавања (V): 1x12=24 часа/семестар

Б. Вежби:          2 часа: 2x12=24 часа/семестар

                            Консултации за вежби (V): 1x12=24 часа/семестар               

Колоквиумска недела (2 термини): 2x4=8 часа/семестар               

Работа дома: следење на литература, интернет информации и подготовка за

                        аудиторна настава и вежби

 Образовни излези

Оспособеност и анализа на одредени архитектонски проблеми произлезени од наведените тематски подрачја, примена на методи за развивање на проектиран детал и негова примена во развивањето на архитектонскиот проект (основен и изведбен).

 Литература и учебни помагала

Практикум 1 -  Светлосни отвори во архитектонски проекти – прозорци и  

                        балконски врати

Практикум 2 -  Врати, Внатрешни стандардни и надворешни влезни врати

Практикум 3 -  Скали и скалишен простор

Практикум 4 -  Бондручни системи на градење

Практикум 5 -  Дрвени кровни конструкции и поткровен простор

Практикум 6 -  Покривање и покривачки работи на дрвени кровови

Илич, Слободан, „Дрвене кровне конструкције“

A.Deplazes, (Ed.), Constructing Architecture: Materials, Processes, Structures, Birkhauser, Berlin, 2005

 

Обврска на студентите

- Редована посета на предавања (максимум 10 поени во секој семестар)

- Изработк ан авежбите предвидени со наставнат апрограма во семестарот   

  (максимум 65 поени во секој семестар)

- Присуство на колоквиуми (2x10поени, (максимум 20 поени во секој семестар)

- Покажан интерес, активност, учество во интерактивната настава и квалитет во   

  изработката на вежбите (максимум 5 поени во секој семестар)

 

Проверка на знаењата

III (трет) и IV (четврти) семестар

  1. Со освоени 60 поени од можните 100 во третиот семестар, кандидатот успешно ги завршил обврските во семестарот и се стекнал со право на потпис.
  2. Со освоени 60 поени од можните 100 во третиот и четвртиот семестар кандидатот успешно ги завршил обврските во двата семестри, се стекнал со право на потписи и ги освоил предвидените 8 кредити по предметот Архитектонски конструкции.
  3. Со освоени 51 до 59 поени во четвртиот семестар кандидатот полага завршен испит согласно одлукат аза правила на студирање на архитектонскиот факултет.
  4. Крајната оценка е збирна за двата семестри и се заокружува на крајот од IV-от семестар. Списокот со крајната оценка на секој кандидат се објавува на огласната табла на крајот на IV-от семестар.

 Предметен наставник

Доц. д-р Огнен Марина

 Учесници во наставата

 

Асистент м-р Димитар Папастеревски

Асиситент м-р Александар Петровски

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk