а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Историја на архитектура и уметност 1

Код

2. 8. 3

Студиска година

втора

Семестар

трети

Број на ЕСТЅ

кредити

2

Вкупен број на контакт часови

28

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Нема

Цели

* Оспособување на студентите за активно знаење, односно аналити­чен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитек­тон­ско, урбанистичко) и уметничко наследство, а не за пасивно фак­то­графско и исклучиво хронолошко знаење.

* Тренинг на способноста за постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења во архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока.

* Тренинг за прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.

Содржина

Се изучуваат историско-теоретски аспекти во архитектурата, урба­низ­мот и уметноста на стариот век:

А. Запознавање со специфики на архитектонските, урбанистичките и уметничките концепти и нивна зависност од општествениот, рели­гиоз­ниот и климатско-географскиот контекст.

Б. Програма: урбани концепти, сакрална, профана и одбранбена архитектура.

В. Композиција: компоненти; системи на композицијата; елементи; средства во естетското изразување.

Г. Трансформации, континуитети и дисконтинуитети на просторниот урбан и архиткетонски концепт, модели, типологија и елементи; корелација помеѓу религија, архитектонски простор и умет­ност (сликарство, скулптура, рељеф).

Д. Архитектонски универзални и инваријантни категории во градител­ската традиција и типологија на стариот век.

Ѓ. Основни и изведени елементи во архитектонската морфологија.

Е. Уметност: скулптура, рељеф, сликарство; однос кон архитектон­ски­от простор, кон волуменот, кон површината; боја, светлост...

1. Почетоци на архитектонското и уметничко создавање во предисто­ри­јата;

2. Источни цивилизации: Месопотамија; Египет; и Персија

3. Егејски цивилизации – Крит и Микена;

4. Грција;

5. Рим.       

Методи на наставата

Елаборацијата на предметните содржини антиципира:

- методи на  анализа: компарација, емпирија, генерализација, апстрак­­ција, хронологија....

- методи на синтеза;

- метод на учење во реален контекст

Организација на наставата

1. Аудиовизуелни предавања – 22 часа, 

2. Интерактивна настава – 2 часа, поделени во неколку термини. Преку литература или директен увид, студентот треба да ги анали­­- зира, односно препознае, компарира, генерализира и апстрахира фактите, а резултатите да ги презентира добивајќи прашања од наставникот и студентите.

3. Колоквиум – во 7 и 14 термин.

Образовни излези

Студентите се стекнуваат со следните капацитети:

- адекватно знаење за историјата на архитектурата, уметноста и урбанизмот на стариот век.

- способност за разбирање и откривање на меѓузависноста на архитектонските уметничките и делумно урбанистичките појавности во синхрониска и дијахрониска насока;

- способност за разбирање и откривање на логиката на трајните ка­те­гории, значења и променливости во архитектурата и нивно евалуи­рање;

Литература и учебни помагала

Одбрани поглавја од:

Несторовиќ Богдан. Архитектура старог века. Научна книга, Београд, 1974.

Реџиќ Хусреф. Историја архитектура старог века, ЗИУ, Сарајево, 1969.

Banister Fletcher. A. History of Architecture on the comparative method.Edited by Dan Cruickshank, Butterworth-Heinemann, Oxford, 1896-1996.

Janson H.W. Istorija umetnosti. Jugoslavija, Beograd, 1965.

Velike arhitekture svijeta. Urednik Miroslav Kušanjac, Mladost, Zagreb, 1981.

Atlas Architecture I, Golden marketing, Zagreb, 1999.

Vitruvie 10 knigi za arhitekturata

Обврски на студентите

- редовност и активност во аудиовизуелната

  и интерактивна настава                                         до 30 бода

- колоквиуми (2)                                                       до 70 бода

 _______________________________________________________

                                               Вкупно:                     до 100 бода

Проверка на знаењата

За студентите кои после извршувањето на обврските се стекнале со 60-100 бода, оценката се изведува според Правил­никот. Студентите кои се здобиле со мин. 51 до 59 бода, имаат право на потпис и пола­гаат испит, при што можат да се освојат од 9-16 бода.

Предметен наставник

Доц. д-р Елизабета Касапова

Учесници во наставата

Асист. м-р Ана Ивановска

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk