а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail
Предмет: Пластично обликување

Година:    втора

 

Услов:       потпис од Ликовно изразување

Цел:         Натамошно развивање на моќта за перцепција и визуелизација на просторот како неопходен феномен во самиот процес на креирање на простор кај идните архитекти низ аспектот на Формата и Бојата.  

Покрај бавењето со артикулација на личниот израз на студентот, предметот цели да ја поттикне и развие способноста за концептуално размислување и артикулирање на идејата. За да може да се роди идеја за одреден простор, да се замисли простор воопшто, потребно е да се поттикнува и развива визуелниот начин на размислување.

Развој на индивидуалните способности, умеења и знаења на студентите за пластично- тродимензионално ликовно изразување и аплицирање на стекнатите искуства во другите области на нивно професионално оформување. Воедно, будење на интерес кај нив за истражување и експериментирање во ликовно-творечкиот процес и користење на разни сликарско-обликовни техники. Целта е преку совладување на истите, да се создадат услови за  непречено изразување на интелектот, имагинацијата и фантазијата.

Предавања:

Вежби:

Организација на наставата:

Предметот е двосеместрален.
Наставата се одвива преку предавања и вежби во текот на 12 недели во семестарот.
Фондот на часови е 3  во тек на 12 недели, вкупно 42 часови во текот на 1 семестар или 84 часови во текот на учебната година.
Предвидени се вкупно 6 часа предавања, 30 часа вежби и 6 часа колоквиум во семестар.

Литература:

- Рудолф Арнхајм,  Уметност и визуелно опажање, Универзитет уметности у Београду, 1987
- Johannes Itten, Уметност боје, Уметничка академија, Београд, 1973
- Василиј Кандински, За духовното во уметноста, Култура, Скопје, 1995
- Пол Кле, Записи о уметности, едиција Езотериа, Београд, 1998
- Herbert Read, Umjetnost danas, Mladost, Zagreb, 1957 (Факултетска библиотека)
- Edvard Lucie Smith, Vizualne umjetnosti dvadesetog stoljeca, Golden Marketing - Tehnicka knjiga, Zagreb, 2003 (Факултетска библиотека)
- Анри Фосион, Живот облика,  Култура, Београд, 1964
- Lazar Trifunovic, Сликарски правци XX века, Prosveta, Beograd  (Факултетска библиотека)
- Монографии: Дега, Лотрек, Сезан, Ван Гог, Сера, Мунк, Пикасо, Брак, Матис, Кандински, Kле, Маљевич, Мондриан, Миро, Швитерс, Вархол и др., едиција Tashen (Факултетска библиотека)
Препорачана литература од интернет:
Artlex Art Dictionary: http://artlex.com/;
The Principles of Harmony and Contrast of Colors by Michel-Eugène Chevreul – This classic "color theory" text, published in 1839 as The Law of Simultaneous Color Contrast , http://www.handprint.com/HP/WC/book3.html#chevreul

Оценување:

Оценката се добива од просечниот број на бодови од сите вежби и колоквиуми:
- посета на предавање маx.5 поени: 6 х 5 = 30 поени/сем. (60 поени вкупно)
- посета и квалитет на вежба мax.5 поени: 10 х 5 = 50 поени/сем.
(100 поени вкупно)
- позитивно оценет колоквиум мах.10 поени: 2 х 10 = 20 поени /сем.
(40 поени вкупно)
Студентите кои во текот на двата семестра имаат освоено помалку од 51 поен, имаат право на поправен колоквиум.
Студентите кои имаат освоено од 51 до 59 поени задолжително  полагаат испит, во спротивно повторно го запишуваат предметот.

Предметен наставник:  


Демонстратор:


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk