а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)

Код

2.11.3

Студиска година

Втора година

Семестар

3 семестар

Број на ECTS кредити

3

Вкупен број на контакт часови

3(1+2)(неделно)

14+28= 42 (во семестар)

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)

Цели

Цел на предметот е кај студентите на Архитектонскиот факултет да се создадат основи за користење на компјутерите во нивната работа. За да може секој студент самостојно и креативно да ги користи сметачите потребно е претходно да се запознае со компјутерска поддршка ориентирана кон графичко и проектно изразување (CAD). Целта е студентите да стекнат знаења за просторно компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD) и  друго графичко компјутерско комуницирање.

Со изучување и со примена на CAAD програмски пакети (AutoCAD и ArchiCAD), студентот ќе изготви целосен тродимензионален приказ на архитектонски објект.

Содржина

Употребата на сметачките машини во областа на графичкото комуницирање стана нормална и секојдневна појава. Компјутерското графичко изразување CAD (Computer Aided Design) и компјутерското архитектонско проектирање и дизајнирање CAAD (Computer Architectural Aided Design) е област која денес рутински се применува. Просторното цртање е брзо, прецизно и квалитетно, со голем број на опции. Можна е изработка на повеќе решенија, како и нивна проверка, тестирање  и корекција во текот на нивната изработка. Студентот ќе се запознае со: елементи на 3D графика. елементи на компјутерска тродимензионална слика, слоеви, основни графички елементи во проекции, погледи, пресеци, трансформации, ротација, аксонометриска и перспективна слика. Компјутерското архитектонско проектирање и дизајнирање - CAAD (Computer Architectural Aided Design). Програмски пакет AutoCAD и ArchiCAD

Општ опис, основни функции и конфигурација на програмата.            

Едитор за цртање во три димензии, припремни команди за формирање на цртеж. Операции со графички елементи, копирање, растегнување, преместување, ротација,  скалирање, котирање, приказ на текст.

Тродимензионален приказ и комуникација во пакет. Алатки за цртање на архитектонски конструктивни елементи. Библиотеки со просторни архитектонски симболи. Трансфер на податоци меѓу разни програмски пакети.           

Методи на наставата

Наставата ќе се одвива со примена на современи аудиовизуелни средства како и со употреба на најнови верзии на програмските пакети Предавањата ќе се одржуваат со примена на видео бим и персонален компјутер. Интерактивност на наставата ќе се обезбеди со припрема на одредена материја од страна на студентите како и преку нивни конкретни прашања на предавањата.

Во иднина, секој студент на свој портабл компјутер, ќе ги повторува операциите кои ќе се изложуваат во текот на предавањето.

Почетната вежба се држи аудиториумски, со давање на заеднички воведни објаснувања. Останатите вежби се држат самостојно по мали групи. Секој студент одделно изготвува задолжителни графички задачи со примена на компјутер. При ова, со секој студент одделно се држи индивидуална настава. На крај од секоја задача секој студент го согледува резултатот на својот труд преку плотирање на истиот.

Најновите постигнувања од оваа област се следат преку посети на одредени проектни и други компјутерски организации, посета на саеми, пратење на стручна и друг вид техничка литература.

Организација на наставата

Наставата по предметот се одвива на следниот начин и тоа:

1 час предавања и 2 часа вежби.

Наставата ќе се врши со групирање на часовите предавања и вежби и тоа за предавањата во 6 термина со по 2 часа. Во првиот дел нагласок би се дал на предавањата, а во завршниот дел на вежбите како и на изработката на графичката задача со примена на компјутер.

Во првата колоквиумската недела секој студент учествува на контролна вежба - тест со прашања од наставната материја што се изучува за да се провери степенот на совладаност, од страна на студентите

На крајот, секој студент одделно ја работи втората контролна вежба со примена на компјутер по предметот “Компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD)”

Образовни излези

Студентот ќе се запознае со основните постапки за работа со компјутерите и нивна примена во образовниот процес.

Исто така секој од нив по прослушувањето на предметот ќе биде во состојба да ги изработува сите свои програмски тродимензионални графички задачи со примена на компјутер со програмските пакети AutoCAD и ArchiCAD

Литература и учебни помагала

Основна:

Авторизирани предавања: д-р К. Мангароски, “Компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD)”, Скопје, 2008 година.

Проширена:

Дозволена е употреба и на друга литература за целосно совладување на програмските пакети: AutoCAD и ArchiCAD.

Покрај книги во печатен облик ќе се користат и материјали дадени од производителите на програмските пакети во електронски облик во .PDF формат.

Софтверски пакети:

 Во предметот Компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) главно ќе се користи AutoCAD и ArchiCAD.

-          Дозволена е употреба на секоја понова верзија на овие програмски пакети, како и на други нови подобри програмски пакети.

 

Обврски на студентите

Услов за добивање на потпис:

Редовна посета на предавањата и вежбите.

Активно учество на студентот на нив.

Успешно изработени и позитивно оценети задолжителни задачи графички компјутерски вежби:

      - изработка на тродимензионална компјутерска презентација на објект со примена на AutoCAD и ArchiCAD.

Во текот на неделата во два термина од по 2 часа предвидени се консултации со студентите како и работа на студентите во Компјутерскиот центар во слободните термини.

Право на полагање на вториот колоквиум и испит се стекнува со позитивно изработена првата тест контролна вежба.

Проверка на знаењата

Редовност: за континуирано присуство на предавања и вежби до 10 бода.

Активност: за квалитетна изработка на колективни вежби и индивидуална вежба до 20 бода;

Знаење: индивидуална контролна тест-вежба  до 30 бода;

Вештина: На контролна вежба со компјутер по предметот Компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD) се врши самостојно изработка со употреба на компјутер на зададен архитектонски објект во три димензии кој се оценува до 40 бода.

Студентот по сите основи може да освои 100 бода. Студентот ја совладал предметната програма ако освои најмалку 60 бода, а со право за полагање дополнителен испит се стекнува во колку освои мин 51 бод.

       Оценката по предметот Компјутерски помогнато архитектонско проектирање (CAD/CAAD) се добива според збирот на бодовите добиени за активното присуство на предавањата и вежбите, за задолжителните колективни и индивидуални графички вежби, контролната тест-вежба и контролната вежба која се спроведува како самостојна работа на студентот на компјутер.

Формирање на оценката е според единствените критериуми.

Испитот по предметот Компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD) се состои од самостојна изработка со употреба на компјутер на зададен архитектонски објект во три димензии кој се оценува до 16 бода.

Предметен наставник

Проф. д-р Косто Мангароски

Учесници во наставата

Спец. Митка Христова

Асс. м-р Добре Николовски

Помл. асс. Филип Ценовски

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk