а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Вежба 1 - Список со групи

Вежба 1 - Листа на објекти

Вежба 1 - Постер template

Предмет

Архитектонски конструкции 3

Код

3, 5, 56

Студиска година

трета

Семестар

5 и 6

Број на ЕСТЅ

кредити

2 х 3 = 6

Вкупен број на контакт часови

1+2 = 3 х 14 + 3 х 14 = 84 часа

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

Да има положено Архитектонски конструкции 1 и 2

Цели

Целта на предметот е запознавање и едуцирање на студентите со современите техники и технологии на градење, посебно индустрија­ли­зираниот начин на градење како и запознавање и изучување на спе­ци­фични конструкции за совладување на поголеми распони. Зна­е­њата со кои студентите ќе се здобијат сметаме дека понатаму ќе бидат успешно имплементирани во нивните проектантски задачи како и во изградбата на објекти.

Содржина

V семестар: - Вовед во конструк­циите за совладување на поголеми распони како историски факти, како плод на искуството и времето. Современи конструкции за совладување на поголеми распони како резултат на научните сознанија, новите материјали и системи со посебен осврт на тенкоѕидните, просторните конструкции, решет­кастите, висечките, пневматските и др.

VI семестар: - Вовед во техниките и технологиите на градењето, изу­чу­вање на современите модерни технологии на градење почнувајќи од индустријализираните начини на градење до префабрикацијата како процес и специфичен систем на производство на елементи и склопови со посебен акцент на префабрицираните лесни фасадни обвивки.

Методи на наставата

Наставата ќе се одвива преку објаснувања, теоретски анализи и ком­парации на применети системи и конструкции низ графички веж­би и презентации со активно учество на студентите.

Организација на наставата

И во двата семестри, наставата ќе се одвива низ предавања, задол­жи­телни вежби, посета на гра­дилишта и други активности во процесот на наставата.

Предавања: 1 час, од кои 10% од материјата е врзана за потребите на студиото.

Вежби: 2 часа – изработка на 2 тематски вежби во секој семестар по една врзани директно за проблематиката од студиото на слободен формат и техника на презентација.

Предвидено е и по два колоквиума од материјата после секои шест недели настава во траење од по 3 часа.

Образовни излези

Со успешно совладување на оваа материја од предметот, сметаме дека сту­ден­тот ќе поседува оспособност за детално познавање на градежните материјали со нивна соодветна и логична примена во конструкциите како и способност за примена на техниките и новите технологии во изградбата на објекти од различен вид.

Литература и учебни помагала

“Современи технологии на градење”, Проф. Љ. Филиповски, издавач Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Архитектонски факултет, Скопје,2005

“Индустриска изградба на станови”, Проф. Љ. Филиповски, издавач Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Архитектонски факултет, Скопје,1997

“Лесни префабрикувани монтажни елементи за фасадни обвивки”, Проф. Љ.Томиќ, Д.Пљакоски, Љ.Филиповски, издавач Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Архитектонски факултет, Скопје,1985

“Инженерски конструкции во архитектурата, Проф. Љ. Томиќ, изда­вач, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Архитектонски факултет, Скопје.

Обврски на студентите

Редовна посета и активност на предавањата, вежби и колок­виумите и извршување на поставените задачи за време на наставата и вон неа.

Проверка на знаењата

Проверката на знаењата е континуирана низ вежби, предавања, колоквиуми и вон факултетски активности изразена низ бодови како следи:

- Редовна посета на предавања мах. 10 бода

- Задолжителна редовна посета и успешна изработка на вежбите (2) мах. 60 бода.

- Успешно изработени два колоквиуми (после шест недели првиот и после шест недели вториот) – мах. 30 (2 х 15) бода.

- За добивање потпис во V семестар треба минимум 60 бода по сите основи;

- За добивање потпис во VI семестар треба минимум 51 бод по сите основи;

Како завршно оценување после VI семестар, предвиден е испит за оние кандидати кои освоиле минимум 60 + 51 бод и за оние кан­ди­дати кои не се задоволни со постигнатиот успех по сите основи.

Од завршниот испит може да се добијат мах. 18 бода

Крајната оценка која се впишува во индексот и во пријавата се форми­ра врз база на освоените бодови во двата семестри поделено со 2

Предметен наставник

Доц. д-р Огнен Марина

Учесници во наставата

Асист. м-р Димитар Папастеревски

Асист. м-р Александар Петровски

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk