а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

 

Предмет

Архитектонска физика

Код

3.6.5

Студиска година

Трета

Семестар

V (петти)

Број на ECTS кредити

3

Вкупен број на контакт часови

 42 часа

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

нема  

Цели

Приоритетните цели се лоцираат во осознавањето  на теоретските основи и практичните методи за формирање на архитектурата под дејство на светлината, бојата, топлината, движењето на воздухот и звукот. Во тој контекст запознавањето и користењето на стандардите, како и практичните, релевантни физички методи и техники  ќе им овозможат на студентите добивање на нумерички вредности за процена на оптималните карактеристики на проектите и објектите по неколку основни критериуми: комфорт, сигурност и долговечност, енергетска и економска ефикасност. Добиените знаења за принципите и методите за анализа на одредени архитектонски проблеми посочени во тематските подрачја на предметот ќе им овозможат на студентите истите успешно да ги имплементираат во процесот на проектирањето и изведбата на објекти.

Содржина

Предметната програма ја третира проблематиката во која се вклучени следните програмски целини:

Пренос на топлина. .Топлинска изолација. Топлински мостови. Топлинско-изолациони материјали. Дифузија на водената пареа низ градежните елементи. Топлинска стабилност на надворешните градежни елементи. Енергетска ефикасност.Пожари и противпо-жарна заштита.

Звучни бранови во затворен простор. Акустичен квалитет на простории. Апсорбциони материјали и елементи. Моделирање акустика на сали. Пренос на воздушен и ударен звук низ градежните елементи. Метода за оцена на звучната изолациона моќ на градежните елементи. Енвиронментална бучава.

Природно и вештачко осветлување на простории. Интегрирање на осветлувањето. Осветлување кај објектите и градовите.

Методи на наставата

Методите за совладување на наставната материја произлегуваат од системската анализа на проблемот и неговото структурирање во математичко - физички логични обрасци, како и други креативни и развојни методи кои ја третираат проблемската состојба во постигнување на комфорт, економичност и квалитет кај објектите, како што се: метод на  анализа: компарација, генерализација, хронологија, метод на синтеза проверен преку учење во реален контекст - на терен.

Организација на наставата

Наставата се одвива  аудиториски во амфитеатар, како интерактивна  во систем од предавања со пратечка дискусија. Вежбите  се одвиваат во вежбални по групи,  каде предметната  материја се совладува низ  изработка   на  тематски вежби.

Образовни излези

Низ теоретскиот дел од наставата студентите се стекнуваат со основните познавања и принципи за делувањето на топлината, светлината и звукот, со нивната интеракција во архитектурата, и со основните градежни документи – стандарди, кои го определуваат квалитетот, енергетската ефкасност и економичноста на градбата.

Практичниот дел им овозможува на студентите да ги сфатат и  правилно да ги вреднуваати основните параметри на практичните, релевантни физички методи и техники  за процена на оптималните карактеристики на градежните материјали, проекти и објекти , и да извлечат поуки за создавање на нови архитектонски вредности во рамките на проектантските предмети, да анализираат одредени архитектонски проблеми произлезени од наведените тематски подрачја за нивна примена во архитектонскиот проект.

Литература и учебни помагала

Страхинја Трпевски,

Архитектонска физика,ППП, Скопје.2011

Стандарди и регулативи:

МКС ЕН ИСО 13789:2006,13788:2006,13370:2006,10456:2006 и др.

Михајлович-Ристивојевич М.

Особине и перформансе материјала у архитектури, Београд, 1995.

Матич М.,

Енергија и архитектура, Загреб,1988.

Butera F.M.,

Architettura e Ambiente – manuale per il controllo della qualita termica, luminosa e acustica degli edifici,  Etaslibri, Milano, 1995

Leo Beranek.,

Concert Halls and Opera Houses: Music Acoustics and Architecture, ger, 2003.

Rindel J.H., The use of Computer Modeling in Room Acoustic, 2000

Обврски на студентите

- редовност и активност во наставата: - макс. 10 поени

Задолжителна изработка на  тематски вежби:

                                                                 - макс. 80поени

- теренска настава:                               -  макс. 10 поени

                                                                   Вкупно:      - макс. 100 поени во семестар

Проверка на знаењата

V -ти семестар      

Со освоени мин. 51 поен  студентот се стекнува со право да добие потпис. Во спротивно се упатува на преслуШување на предметот.

Студентот полага испит како заврШно оценување . Конечната оцена е  према правилникот за режимот на студирање.

Предметен наставник

д-р Страхиња Трпевски, доцент

Учесници во наставата

д-р Страхиња Трпевски, доцент

Демонстратори или стручни соработници во зависност од областа на нивната специјализација и бројот на студентите

 

 

 

 За предавање  на семинарски работи  и полагање на  испитот од предметот Архитекронска Физика дефинирани се два термина: 10-ти Јануари, 2013 и 18-ти Јануари, 2013.

 

Download:

Предавања,

Упатство за семинарска, 

 

Tabela so toplotnotehnicki karaktristiki na materijalite

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk