а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Инсталации во архитектурата

 

Код

3.7.6

Студиска година

трета

Семестар

VI(шести)

Број на ECTS кредити

3

Вкупен број на контакт часови

42 часа

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Приоритетните цели се лоцираат во значењето за несметаното користење на инсталациите со алокација на сознанијата од областа на водовод и канализација, загревање и проветрување, и електроинсталациите. Целите на наставната програма се вове- дување и оспособување на студентите со принципите и методите за анализа на одредени архитектонски проблеми посочени во тематските подрачја за користење на практичните релевантни научни методи и техники за планирање, проектирање, како и правилно поставување на инсталациите во објектите. Здобиените знаења треба успешно да ги имплементираат во процесот на проектирање, изведба и надзор.

Содржина

Наставната програма ја третира проблематиката на инсталациите, во која се вклучени следните програмски целини:

Водоснабдување на населените места. Изведба на водоводните инсталации. Внатрешен(куќен) водовод. Проектирање и пресмету-вање на внатрешен(куќен) водовод. Противпожарни инсталации.

Канализациони системи и шеми на каналските мрежи во населените

места. Внатрешна(куќна) канализација. Проектирање и пресмету-

вање на внатрешната(куќна) канализација. Одводнување на кровни-

те површини и димензионирање на олуците.

Видови и карактеристики на системите за загревање. Загревни тела. Природно и вештачко проветрување.

Вовед на електричи инсталации во зграда. Развод и изведба на електрична мрежа. Светлосни извори и нивна примена во архитектурата. Светилки и начин на осветлување. Громобранска инсталација и видови на громобрани.

Методи на наставата

Методите за совладување на наставната материја произлегуваат од системската анализа на проблемот и неговото структурирање во ма- тематичко - логични обрасци, како и други развојни методи кои ја третираат проблемската состојба во постигнување на удобност, еко-номичност и квалитет кај објектите.

Организација на наставата

Наставата се одвива  аудиториски во амфитеатар, како интерактивна  во систем од преда вања со пратечка дискусија. Вежбите  се одвиваат во вежбални по групи,  каде предметната  материја се совладува низ  изработка   на  тематски вежби.

Образовни излези

Оспособеност за анализа на одредени архитектонски проблеми произлезени од наведените тематски подрачја. Умеење да се разберат и применат хидротехничките пресметки во делот на водоводот и канализацијта, решавање на проблемите во областите на загревањето, проветрувањето, осветлувањето како и нивното интегрирање во процесот на проектирање, изведба и надзор.

Литература и учебни помагала

Трпевски Страхиња,

Инсталации, ППП,,Скопје, 2011

Тушар Б.,

Кучна канализација, Загреб, 2001

Маргета  Ј.,

Канализација насеља, Сплит 1998

Милојевич М.,

Снабдевање насеља водом и каналисање насеља, Београд,1987

Игњатович Л.,

Инсталације у зградама,Ниш,1985

Fair G.M.,Geyer J.C.,

Water Supply and Waste Water Disposal, John Wiley and Sons,Inc.New York,1981

Обврски на студентите

 - редовност и активност во наставата: - макс. 10 поени

Задолжителна изработка на  тематски вежби:

                                                                 - макс. 80поени

- теренска настава:                               -  макс. 10 поени

                                                                   Вкупно:      - макс. 100 поени во семестар

Проверка на знаењата

VI -ти семестер      

Со освоени мин. 51 поен  студентот се стекнува со право да добие потпис. Во спротивно се упатува на преслуШување на предметот.

Студентот полага испит како заврШно оценување . Конечната оцена е  према правилникот за режимот на студирање.

Предметен наставник

Доцент  д-р Трпевски Страхиња

Учесници во наставата

Доцент  д-р   Трпевски Страхиња

Демонстратори или стручни соработници во зависност од областа на нивната специјализација и бројот на студентите

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk