а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Челични конструкции

Код

 

Студиска

година

трета

Број на ЕСТЅ кредити

3

Вкупен број на

Контакт часови

42

Вид на предметот

 

Предуслов

Јакост на материјалите(положен), теорија на конструкции(потпис)

Цели

Студентот ги совладува теоретските и практичните методи за пресметување на металните конструкции, за да може самостојно да одбере и проектира конструктивни системи на  архитектонски објекти.

Содржини

Предметната настава е концепирана во два сегмента. Првиот сегмент го опфаќа теоретскиот дел од наставата, а вториот го опфаќа пректичниот дел од наставата.

Теоретска настава

Вовед.Карактеристики на челикот. Добри и лоши страни на челикот. Производтсво. Челици за конструкции и нивни карактеристики. Оптоварувања на челичните конструкции. Челични производи и нивна примена во архитектурата: стапови, лимови и профилирани носачи. Решаткасти носачи (видови, избор на пресеци и примена). Полноѕидни-лимени носачи (избор на пресек, проектирање и примена). Олеснети носачи (проектирање и примена). Стапови-столбови (коструирање и проетирање на пресек кај столбовите). Поврзување на елементите во конструкциите (видови на врски, врзни сретства и  нивна конструкција). Конструктивни ситеми (приземни објекти, повеќекатни објекти и објекти за најразлични намени). Видиви на врски во архитектонските конструктивни системи.

Алиминиум и алуминиумски легури (производство и нивни карактеристики). Примена на производите од алуминиумските легури во архитектурата.

Практична настава преку Архитектонските студија

Избор на пресеци за галавни носачи на една челична конструкција.

Пресметување и избор на риглите од една конструкција: решеткасти, полноѕидни и оолеснети. Пресметување и избор на столбови од една конструкција: едноделни и повеќеделни. Ибор и пресметка на фасадни елементи кај архитектонските објекти изведени од челик и алуминиум. Коресподенција на најновите материјали во конбинација со конструкции изведени од челик и алуминиум.

Методи на

настава

Теоретската настава се изведува преку предавања на предметната материја.

Пректичната настава се изведува преку предвидените архитектонски студија V1 и V2 каде практично ќе се применат методите за конструирање на архитектонски конструкции од метал за конкретни објекти.

Организација на наставата

      Првиот дел од теориската настава е предвидено да се изведе во првите шест недели од семестарот. На овој начин студентите се стекнуваљат со основни познавања од металните конструкции.

Во вториот дел од семестарот вниманието е насочено на изучување на конструктивните системи во архитектурата. Врз основа на овие познавања предвидени се два конкретни примера за решавање греда и столб како индивидуални елементи.

         Во текот на семестарот предвидени се две практични задачи на конкретни архитектонски  објекти дадени од архитектонските студија. Истите се бодуваат согласно со табелата поместена во проверка на знаењата. Предвидени се и два колоквиуми за проверка на стекнатите знаење од областа на металните конструкции.

Образовни

излези

По успешно прослушување на предметот студентот се стекнува со основни познавања од областа на прелиминарно определување на димензиите на попречните пресеци на носивите елементи на конструктивните системи во архитектурата од челик и алуминиум.

Литература и учебни помагала

1. А. Филиповски ,,Метални конструкции за архитекти’’-книга, 2004г

2.А. Филиповски ,,Основи на челични конструкции’’-книга, 2000г

3.Hen,Hart,Zontag ,,Атлас челичних конструкција’’-книга, 1987г

Обвврски на студентите

Студентите треба да присуствуваат и учествуваат во сите форми на изведување на наставата предвидени со предметната програма како што се: предавања, изработка програмските задачи од двете Архитектонски студија, практичните задачи од вежбите и на два колоквиума. При тоа студентите треба да го освојат потребниот минимум бодови (51 бод). На тој начин студентите се стекнуваат со право на потпис во индекс. Студентите кои не го освоиле потребниот минимум бодови немаат право да добијат потпис во индекс. Овие студенти повторно го запишуваат предметот. Студентите кои ги положиле колоквиумите, се оослободени од полагање писмен испит. Студентите кои стекнале потпис а не ги положиле колоквиумите полагаат писмен испит кој носи 20 бода и усмен кој носи 20 бода.

Проверка на

знаењата

Н

а

с

  т.

 Теор.

 Наст.

 пред.

Архитектоски

студија

Решавање на практични

задачи на

вежбите

  Колоквиуми

Усмен

испит    

V1

V2

    1

    2

    1

Бод

 до 10

 до 15

 до 15

 до 20

   10

   10

   20

Предметен

наставник

Професор избран од ГФ

Учесници во наставата

асистент

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk