а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Бетон и aрмиранобетонски конструкции

Код

3.13.6

Студиска година

трета

Семестар

шести

Број на ЕЦТС кредити

2

Вкупен број на контакт часови

42

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

јакост на материјалите (положен), теорија на конструкции (положен)

Цели

Студентите да се запознаат со основните карактеристики на бетонот и армираниот бетон и можностите кои тие ги пружаат. Да се покаже начинот на конструирање и пресметување на најчесто применуваните елемент и пресеци за разни видови влијанија (пресечни сили).

Содржина

- Бетонот како вештачки градежен материал

- Составни делови на бетонот и нивни основни карактеристики, особини на стврднатиот бетон

- Видови арматура

- Цел и тек на анализата на А.Б конструкции

- Методи на анализа и претпоставки на кои истите се темелат

- Лом на пресеците и коефициенти на сигурност

- Армиранобетонски конструктивни системи

- Елементи на А.Б конструктивни системи (меѓукатни и покривни панели, греди, столбови, темели)

- Пресметување (димензионирање) на најчесто применуваните попречни пресеци (правоаголен, Т пресек и сл.) за дејство на моменти и напречни сили според теоријата на гранична носивост

- Конструирање на најчесто применуваните елементи

- Гранични состојби на употребливост

Методи на наставата

Теоретскиот дел од наставата се спроведува на предавања.

Практичниот дел од наставата се спроведува на вежби, со изработка на графички работи, посета на лаборатории, посети на објекти и сл.

Организација на наставата

Предавањата ќе бидат организирани така да овозможат нормална изработка на графичките работи на вежбите. Тоа значи дека редоследот на предавањата набележани во содржината ќе биде малку изменет.

Во текот на семестарот се предвидува посета на интересни објекти кои се во изведба и се на подрачјето на град Скопје.

Вотекот на семестарот се предвидени два колоквиума. Истите се бодуваат согласно табелата поместена во Проверка на знаењата.

Завршниот испит е усмен и писмен и не е задолжителен. Истиот се предвидува за оние студенти кои се стекнале со право на потпис во индекс и за студентите кои сакаат да го подобрат успехот постигнат низ континуираната проверка на знаењето во текот на семестарот.

Образовни излези

По успешното преслушување на предметот студентот се стекнува со основни познавања од областа на бетонските конструкции, ќе биде во состојба да ги одбере приближно димензиите на конструктивните елементи и да изврши нивно приближно димензионирање и конструирање.

Литература и учебни помагала

1. Атанасовски С. „Армиранобетонски конструкции 1”, 1992год., Скопје;

2. Атанасовски С. „Бетонски конструкции”, 2007год., Скопје;

3. Атанасовски С. „Армиран бетон”, 1994год., Скопје;

4. Спасов А. „Бетон и железобетон за архитекти”, 2000 год., Скопје.

Обврски на студентите

Студентите треба задолжително да присуствуваат и учествуваат во сите форми на изведување на наставата предвидени со предметната програма, како што се: предавања, изработка на графичките работи, на семинарска работа и на два колоквиума. Притоа, студентите треба да го освојат потребниот минимум бодови (51 бод). На тој начин студентот се стекнува со право на потпис во индекс. Студентите кои не го освоиле потребниот минимум на бодови немаат право да добијат потпис во индекс. Овие студенти повторно го запишуваат предметот.

Проверка на знаењата

Настава

Теоретска настава - предавања

Куси тематски вежби

Практична настава-семинарска работа

Колоквиуми

I

II

бодови

до 10

до 20

до 30

до 20

до 20

Предметен наставник

Доц. д-р Тони Аранѓеловски

Учесници во наставата

ас. м-р Дарко Наков

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk