а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Архитектонска композиција

Код

4.3. 78

Студиска година

IV

Семестар

VII

Број на ЕСТЅ

кредити

2

Вкупен број на контакт часови

2 (2+0) /3

Вид на предметот

Задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Запознавањето тројната природа на архитектонскиот простор и основните принципи на компонирање кои произлегуваат од неа. Нивна конкретна апликација како онтолошки апроксимации.

Содржина

Композицијата на архитектонскиот простор како феноменолошка динамичка синтеза меѓу трите нивои на сознавање, био-културен пристап.

1.    Појмовно ниво –

низвременост и трајност

Просторот како ментална конструкција,

меѓу тополошкото и проективното

Апстракција и појмовни дихотомии –

формални супстанци

Структури – процеси,

генеза/конструкција и облици на просторните организации – дијаграмирање, принципи на ворамнотежување, структурална мрежа, ритам, пропорции, симетрија, модул

2.    Појавно ниво –

истовременост и прекинатост

Просторот како сетилна даденост,

сетилата како перцепирачки системи – искуства на телото

Сочувствување, топосоматско/психосоматско мапирање

Функции – ефекти

квалитативни и енергетски вредности,

формални/архитектонски елементи

3.    Јазичко/говорно ниво

безвременост и симболичност

Просторот како мимеза на човековата пракса - елемент на онтогенезата, симболичка размена, комуникација

Архетипски слики

меѓусостојба субјект – објект, материја+геометрија = меморија

Значење – поетска слика, рефлексии

место, формални состави и единства,

егзистенцијален/архитектонски простор

Методи на наставата

Предавања, истражувања, графички вежби, презентации

Организација на наставата

Два циклуса од 6 недели; првиот циклус по 2 часа предавања и изработка и презентација на семинарски графички труд – препозна­вање на композициската апаратура на избран пример од историјата на архитектурата како и пример од другите медиуми. Вториот циклус по 2 часа работа/препознавање на композициската апаратура на конкретен пример од сопствената проектантска пракса и аналогија со другите уметнички медиуми, презентација.

Образовни излези

Стекнување способност за компонирање на архитектонскиот простор во широк комуникациски дискурс.

Литература и учебни помагала

- Rudolf Arnheim, Art and visual perception, Univ. of Cal. press, Berkeley,

  Los Angeles, 1984

- Roger H. Clark an Michael Pause, Precidents in architecture, VNR, New York, 1984

- Geoffrey H. Baker, Design Strategies in Architecture, VNR, London, 1989

- Francis D. K. Ching. Architecture: form, space and order, VNR, London 1979

- Jakov Chernikhov, Fantasy and construction, construction of architectural and machine

  forms, AD Profile, London, 1984

- Christopher Alexander, A pattern Language, Oxford University Press, New York, 1977

- Juhani Pallasmaa, Encounters, Rakennustieto, Helsinki, 2005

- Rob Krier, Architectural composition, Rizzoli, New York, 1988

- Richard Padovan, Proportion Exfn Spon, London and New York 1999

- Жан Луј Никола Диран, Преглед на предавања, Гра¢евинска књига, Београд, 1987

  (орг. издање од 1819)

- Витрувие, 10 книги за архитектурат, Зуп Прес, Скопје, 1997

Обврски на студентите

Редовно следење на наставата, изработка на два семинарски графич­ки труда и нивна успешна презентација.

Проверка на знаењата

Два семинарски графички труда и нивна јавна презентација, изложба.

Предметен наставник

Проф.д-р Иванка Кировска

Проф.д-р Митко Хаџи-Пуља

Учесници во наставата

Проф.д-р Иванка Кировска

Проф.д-р Митко Хаџи-Пуља

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk