а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

Предмет:

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1

Код:

4.6.78.

Студиска година:

4 (четврта)

Семестар:

8

ЕКТС кредити:

4

Часови:

4

Вид на предмет:

Задолжителен

Предуслови:

Потпис од Урбанистичко обликување 1, 7 сем.

Наставник:

Проф. д-р Мирослав Грчев

Соработници:

Асист. м-р Дивна Пенчиќ

Цел на предметот

Основна цел на предметот е доближување на студентите до знаењата кои се неопходни за обавување на работите на еден архитект-планер, потписник и носител на изработувањето на планската документација. Предметот обезбедува увид во инструментите, стандардите и нормативите на урбанистичкото планирање и обликување, како и во видовите на плански одредби и нивното дејство во правниот и просторниот амбиент. Цел на предметот е и создавање на основи за една општа теорија за урбаната форма која ќе генерира правила на урбаната морфосинтакса со чијашто операционализација студентите ќе можат со аргументи да се впуштат во обликувањето на градскиот простор. Во предметот ќе се анализира природата на плановите и планирањето, на природата и дејство на планските одредби, дефинирањето на средствата на урбанистичкото обликување (urban design), правилата на урбаната форма, урбаната морфологија, елементите на урбаната форма, типологијата на елементарните и структуралните делови на урбаната форма, како и нивните просторни апликации. 

Содржина на предавањата

  1. Непостоење на дефиниција на урбаниот дизајн. Непостоење на општа теорија за урбаната форма и градот.Њутнова механицистичка научна парадигма. Филозофија на материјалниот раст и новите системи на вредности. Погрешна метафора за град. Измислување на нова урбана форма.
  2. Основни претпопставки на термодинамичката научна парадигма. Прв и втор закон на термодинамиката. Урбанолошки аналогии на ентрописката парадигма. Градот  како систем со константна ентропија: Хомеостаза. Организмот како метафора за град.
  3. Урбаната форма како систем на морфосинтаксички правила: Правила на играта. Асоцијација, интеграција и емергенција. Економија, еквиваленција и еквипатриција. Урбано ткаење и основни својства на урбаното ткаење: Густина и периметрална дефиниција на елементите.
  4. Видови на поделба  на земјиштето. Урбана, рурална и воннаселска поделба на земјиштето. Коридори и острова. Формирање на градежна планиметрија низ примарна делба на земјиштето.
  5. Просторен распоред на земјиштето за општа употреба. Улична мрежа и слив на улици. Морфологија и типологија на елементите на градот кои се формираат на земјиштето за општа употреба.
  6. Градска куќа како основен структурален елемент на градот. Валентност на градската куќа и интеграција во градски блок. Поставеност на објектите во парцела. Видови и својства на градски блок.
  7. Емергенција како спонтан квалитативен раст на елементите на градот: куќа, блок, четврт, град. Периметрална дефиниција на архитектонските и градските простори. Начело на универзалната аналогија. Идеална општа шема на градска урбана морфосинтакса: елементи и синтаксичка структура. Основни начела на урбаната форма. Тест за препознавање на урбано ткаење: просторен позитив и негатив.
  8. Типологија на основни елементи на градската форма. Типологија на помошни елементи на градската форма.
  9. Синтаксички граници на градскиот феномен. Мери и размери, квантитет и квалитет. Морфосинтаксички мери и размери. Статистички дијаграм на размери на уличен профил.
  10. Морфолошки граници на варијабилност на размерите кај структуралните елементи на урбаното ткаење. Корелативни размери. Густина и интензитет на изграденост на урбаното ткаење.  
  11. Дијахронична урбанологија: генеза и менување на урбаното ткаење. Начела на менувањето во урбаната форма. Слоеви на променливост. Темпо на менување. Корелативни промени.
  12. Естетика на град. Создавање на урбаното во градското ткаење. Уметноста на обликување и градење на градови.

Вежби

Вежбите имаат за цел да ги запознаат студентите со техниката на урбанистичко обликување на ниво на детален урбанистички план и да овозможат нивен внатрешен увид во дејствието и импликациите на планските одредби во просторот, преку симулирана изработка на планот во реални услови.

Анализите се состојат од снимање и оценка на постојната состојба на конкретниот урбан простор и програмирање на идните содржини. Урбанистичкото обликување ќе се состои од уредување на просторната распределба на наменските површини, потоа регулација на планскиот опфат и определување на површини за градење со сите неопходни услови за градење и нумерички податоци. 

Методолошки фази на вежбите 

Вежбите се изработуваат во четири фази од кои три се презентираат како графички прилози, а еден ќе биде текстуален прилог и се изработуваат врз основа на припремна графичка вежба. Припремната графичка вежба претставува снимка и презентација на постојната состојба на делот од градот што е предмет на деталното урбанистичко планирање. Потоа се изработуваат анализата на постојната ситуација, програмската анализа и регулацијата со условите за градење. Во текстот ќе бидат поместени резултатите од оценката за просторните можности за развој на планскиот опфат и опис и образложение на просторната концепција за развој и предвидените содржини и услови за градење.

Содржина на графичките вежби 

*)  Припремна графичка вежба: СНИМКА НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА

Графички прилози:

  • Ситуација
  • Улични изгледи
  • Изометрија Ј-С
  •  Табела со нумерички показатели

1)  АНАЛИЗА НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА

Анализата треба да ги опфати само најважните функционални својства и параметри на планскиот опфат, како и на просторниот контекст кои влијаат на одлуките за просторниот развој.

Графички прилози:

  • Анализи
  • Оценка на можностите на локацијата
  • Табела со нумерички показатели

2)  ПРОГРАМСКИ АНАЛИЗИ

Програмските анализи треба да резултираат со список и опис, како и големина и просторна распределеност на наменските зони односно на површините на градежното земјиште според неговата намена.

Графички прилози:

  • Програмски анализи
  • Функционални шеми на сообраќај
  • Варијанти на просторен распоред на наменски површини
  • Усвоена шема на просторен распоред на наменски површини
  • Табела со нумерички показатели

3)  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

Симулација на една виртуелна изработка на детален урбанистички план според резултатите од програмските анализи и планот на намените на површини.

Графички прилози:

  • План на намена на површините
  • План на регулација
  • План на површини за градење
  • Сообраќаен план
  • План на зеленило
  • Табела со нумерички показатели

Прилозите се изработуваат во А3 формат.

Техниката на изработка и презентацијата на графичките прилози е на ниво на презентација на детален урбанистички план во фаза на нацрт план.

Содржина на текстуалната вежба 

4)  ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРОСТОРНИОТ КОНЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ

Содржина:

Во текстот ќе бидат поместени резултатите од оценката за просторните можности за развој на планскиот опфат и опис и образложение на просторната концепција за развој и предвидените содржини и услови за градење.

  1. Критичка анализа на постојната состојба
  2. Резултати од оценката за просторните можности за развој на планскиот опфат
  3. Опис и образложение на просторната концепција за развој
  4. Опис и образложение на предвидените содржини и услови за градење.

 Текстот се изработува како семинарска работа, во обем од 6.000 до 10.000 карактери.

Динамика на изведување на вежби 

1.

01.02.

-

запознавање со задачите и предметниот локалитет

 

 

-

образложение на Припремната вежба: Снимака на постојната состојба

 

 

-

посета на локацијата

2.

08.02.

-

предавање на Припремната вежба

 

 

-

образложение на 1. вежба: Анализа на постојната состојба

3.

15.02.

-

работа на 1. вежба

4.

22.02.

-

предавање на 1. вежба  

 

 

-

образложение на 2. вежба: Програмски анализи

5.

01.03.

-

работа на 2. вежба

6.

08.03.

-

предавање на 2. вежба

7.

15.03.

-

Тест 1

8.

22.03.

-

Презентација на графичките вежби: 0, 1 и 2. вежба

 

 

-

образложение на 3. вежба: Детален урбанистички план

9.

29.03.

-

работа на 3. вежба

10.

05.04.

-

работа на 3. вежба

11.

12.04.

-

предавање на 3. вежба

 

 

-

образложение на 4. вежба:

12.

19.04.

-

работа на 4. вежба

 

 

-

корекции и комплетирање на вежбите

13.

26.04.

-

предавање на 4. вежба

14.

03.05.

-

Тест 2

15.

10.05.

-

Потписи

Услови за успешно завршување на семестралните обврски и стекнување на кредити

Студентите се должни редовно, навремено и квалитетно да ги извршуваат обврските од наставата. Редовното присуство на предавањата и вежбите ќе се евидентира. Студентите депонираат своерачен потпис на почетокот на семестарот и потоа со истиот потпис го евидентираат своето присуство на предавањата. Пасивното физичко присуство на вежби без материјал и работен ангажман ќе се евидентира како отсуство.

Студентите ќе треба да обезбедат тетратка во А4 формат во која ќе ги запишуваат белешките од предавањата и вежбите, скиците од снимањето, скиците од решенијата, референци и др., која ќе се проверува и оценува во текот на семестарот.

Обврските од наставата студентите ги извршуваат со активно учество во наставата, активно работење на вежбите и изработување на потребните скици, прилози, решенија, пресметки и текстови, читање на белешките од предавањата и другите посочени стручни текстови.

За успешноста на студентот ќе се цени според присуството на предавањата и вежбите, своерачно евидентираната ангажираност и интерес во тетратките, квалитетно изработените задачи и успешно одговорениот тест за проверка на знаењето.

Правото на потпис од предметниот наставник студентот го стекнува како доказ дека бил редовен, активен и успешен во текот на семестарот, и освоил минимум 51 бодови по сите основи.

Бодирање на успешноста на студентите и оценување

За секој вид на активност и проверка на знаењата, студентот освојува определен борј на бодови. Вкупниот број на бодови во семестарот, по сите основи, изнесува 100.

Успехот од графичките вежби носи најмногу 40 бодови, проверките на знаења преку тестови носи најмногу 40 бодови, а редовноста, интересот за наставата и ангажманот носат најмногу 20 бодови.

Завршната оценка произлегува од збирот од сите бодови стекнати во текот на двата семестри од наставата поделени со два, при што од 60 до 67 бодови носат оценка 6, од 68 до 75 бодови носат оценка 7, од 76 до 83 бодови носат оценка 8, од 84 до 91 бодови носат оценка 9 и од 92 до 100 бодови носат оценка 10.

Студентите кои освоиле помеѓу 51 и 60 бодови имаат право потребниот број на бодови за успешно завршување на предметот да го остварат преку полагање на испит. Максималниот број бодови што може да се освои на испитот изнесува 16. За да го положи испитот студентот мора да освои најмалку 9 бодови.

Студентите кои освоиле 60 или повеќе бодови имаат право да полагаат испит за подобрување на добиената оценка од континуираното оценување.

Литература и учебни помагала

Задолжителна литература:

  1. Предавања за урбанистичко обликување, проф. д-р Мирослав Грчев
  2. Текстови од урбан дизајн и теорија за градот, проф. д-р Мирослав Грчев

Дополнителна литература:

  1. Cliff Moughtin, URBAN DESIGN – Methods and Techniques, Architectural Press, 1999.
  2. Cliff Moughtin, URBAN DESIGN – Street and Square, Architectural Press, 1992.
  3. Cliff Moughtin, URBAN DESIGN – Ornament and Decoration, Architectural Press, 1999.
  4. Cliff Moughtin, URBAN DESIGN – Green Dimensions, Architectural Press, 1999.

Оваа информација е составен дел на предметната тетратка која треба да се носи и употребува на секој термин предавања и вежби.

Предметниот програм, динамиката и содржината на вежбите и задолжителната литература неопходна за успешно совладување на предметот се наоѓаат на факултетската интернет станица : http://www.arh.ukim.edu.mk

 

Проф. д-р Мирослав Грчев

 

Преземи: УО1_План за реализацијата на наставата

Преземи: Подлога за локација

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk