а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail
Article Index
Теорија на архитектурата
календар за работа
All Pages


ajzenman_3

Предмет: ТЕОРИЈА НА АРХИТЕКТУРАТА

Вид на предмет: задолжителен

Студиска година: IV (четврта)

Семестар: VII (седми)

Број на кредити:  2

Услов: нема

Цел: Студентите да се запознаат со рангот на идеи и теми кои се фундаментални за постмодерниот теоретски дискурс по 1968 година, со цел:

  • да развијат логички способности и одговорен став во начините на размислување и комуницирање за архитектурата
  • да се промовира отворен, слободен, разборит и љубопитен став кон спротивтставените архитектонски и урбанистички идеологии во актуелната теорија и пракса
  • да се дефинира статусот, карактерот и системската намера на архитектонската теорија наспрема праксата во реалниот контекст на современата архитектонска продукција

Организација на наставата: 

Наставата се состои од лекции од архитектонска теорија, и интерактивна настава, за која се задава листа од текстови кои студентите самостојно ги обработуваат и преку кои се рекапитулира аргументот на секоја лекција.

Проверката на знаења се врши преку колоквиуми и тестови за проверка на совладаниот материјал

Задолжителна литература:

Jencks, Charles and Karl Kropf, ed. Theories and manifestoes of contemporary architecture. Sussex: Academy editions, 1997.

Hays, K. Michael, еd. Architecture. Theory since 1968. Cambridge: MIT Press,  1998.

Дополнителна литература:

Leach, Neil, ed. Rethinking architecture: A reader in cultural theory. London: Routlage, 1997.

Оценување:

10 % активно следење на наставата, 20 % прв тест, 25 % прв колоквиум, 20 %втор тест, 25% втор колоквиум

Студентите кои стекнале право на потпис (51-59 бода) но не и доволен број бодови за позитивна оценка, полагаат интегрален (писмен и усмен) испит.

Предметен наставник: Проф.Д-р Анета Христова Поповска

 

 

 



 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk