а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Архитектонско проектирање VI PDF Print E-mail

Предмет

АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ VI

Код

4. 4. 78

Студиска година

четврта

Семестар

седми и осми

Број на ECTS кредити

3 (1+2)

Вкупен број на контакт часови

42

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Архитектонско проектирање IV

Цели

Студентите стекнуваат знаења потребни за професионално решавање на проектантските задачи од областите на: трговија, сообраќај, здравствена заштита, спорт и рекреација и изготвување на проектна документација за практична имплементација. 

Содржина

Наставната програма во седмиот семестар ја третира проблематиката од областа на трговијата и транспортот, а во осмиот семестар од областа на здравствената заштита, спортот и рекреацијата, при што се изучуваат клучните аспекти во програмирањето, планирањето и обликувањето на зградите од соодветните програми:

  1. пред-проект: програмска и типолошка генеза, методи на класификација на зградите, современи социјални, економски, политички, образовни и останати аспекти кои влијаат врз проектната програма и модалитетите на просторна организација;
  2. принципиелни и специфични програмски и планерски аспекти: зонирање, регулатива и нормативи, планирање на локацијата, кориснички ориентирани принципи на просторна организација според современи стандардни методи;
  3. обликување: генерални просторни системи, конфигурации на градба, типолошки и морфолошки обрасци, специфични обликовни фактори, конструктивни, технички и технолошки одржливи градежни концепти, енергетски и енвиронментални барања, просторни нормативи и стандарди
  4. синтеза /презентација/: сеопфатно разгледување на специфичните проектантски концепти на реализирани и проектирани примери за различни програмски и контекстуални ситуации.

Методи на наставата

Методите за совладување на наставната материја призлегуваат од аналитичката теорија на архитектурата и ја развиваат способноста за расчленување на проектниот процес на неговите објективни (интелегибилни) компоненти и нивно реструктурирање во можни програмски сценарија кои ги варираат концептите на формализација.

Организација на наставата

Наставата во седмиот семестар е поделена на два блока од по пет термини за теоретски предавања од областа на трговијата и транспортот, а четири термини се предвидени за презентација и оценка на семинарската работа.

Во осмиот семестар, наставната материја е поделена во десет термини за теоретски предавања и четири термини за одбрана и оценка на семинарската работа.

 Семинарската работа се изготвува индивидуално и/или групно. Во секој семестар се изготвува по една семинарска работа од соодветните области.

Образовни излези

Студентите треба да стекнат знаења за специфичните програмски и проектантски барања на објектите од соодветните програмски групации, да ги совладаат техниките на системската анализа и рекомпонирање на програмските компоненти и истите да ги употребат во проектантските стратегии при разрешување на сложени проблемски ситуации. 

Литература и учебни помагала

Задолжителна литература за VII семестар:

Трговија:

  1. The Harvard Design School Guide to Shopping / Harvard Design School Project on the City 2 by Chuihua Judy Chung, Jeffrey Inaba, Rem Koolhaas, and Sze Tsung Leong, Tachen, 2002
  2. From Urban Shop to New City, Victor Gruen, Actar, Barcelona, 2005
  3. Kaufhallen, Wolf / Boenewitz, DDR, 1970
  4. Planiranje Projektovanje i Gradjenje Trgovinskih Centara, Ivan Redi, Savez Arhitekata Jugoslavije, 1983
  5. Bauten des Handes, S. Nagel & S. Linke, Bertel Swanu Fachvrlas, 1973

Сообракај и транспорт:

  1. Arhitektura na Zeleznickite Stanici, E. V. Vasilev, SSSR, 1966
  2. Architecture of Transportation, by Maggie Toy, Academic Press, England, 1994
  3. Bauten des Verkehrswesens ( Aerodromi I Zelesnicki Stanici ), S. Nagel & S. Linke, Bertel Swanu Fachvrlas, 1973

Задолжителна литература за VIII семестар:

Здравство:

  1. Bolnice, Mladen Vodicka, Skolska Knjiga, Zagreb, 1994
  2. The Architecture of Hospitals, Abram de Swaan, Charles Jencks, Stephen Verderber, Aaron Betsky, Cor Wagenaar, NAi Publishers, 2006
  3. Hospital Planning Handbook, Rex Whitaker Allen, Ilona von Kordyi, John Wiley & Sons Publisher, New York, 1976
  4. Hospitals & Health Care Facilities, Anthony Cox & Philip Groves, Design & Development Guides, GB, 1990
  5. Bolnice, S. Kliska, Gradezna Knliga, Beograd, 1965

Спорт и рекреација:

  1. Sports Buildings, The Architectural Press, UK London, 1986
  2. The Shape of Space: Indoor Sports Spaces, Robin Crane, Malcolm Dixon, Van Nostrand Reinhold, 1991
  3. Design and Planning of Swimming Pools, John Dawes, Architectural Press, London, UK, 1979

Прирачници:

  1. Opstestveni zgradi, V. Lazarov, Tehnika, Sofija, 1959
  2. Sportski objekti, N.Ilic, Stampa "Pancevo", Beograd, 1998
  3. Stanbeni i javni zgradi, Knezevic & Kordish, Tehnicka Knjiga, Zagreb, 1976

Списанија:

       E + P, Callwey

Обврски на студентите

Редовна посета на наставата и успешна изработка на семинарската работа.

Проверка на знаењата

Бодирањето и оценката за редовност во наставата  и успешност на изработката на семинарската работа во зависност од обемот на користената библиографија, начинот на елаборирање и квалитетот на презентацијата е од 0 – 100 бода.

Студентите кои не ја изработиле успешно семинарската работа во предвидениот рок, а стекнале право на потпис, полагаат писмен/усмен испит.

Предметен наставник

Проф. Д-р Мартин Гулески

Доц. Д-р Анета Христова

Учесници во наставата

Проф. Д-р Мартин Гулески

Доц. Д-р Анета Христова

Асист. М-р Михајло Зиновски

Надворешни стручни соработници во зависност од областа на нивната специјализација

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk