а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО 4   

Код:                                           2.2.4

Студиска година:                       втора

Семестар:                                  четврти

ECTS кредити:                            8

Фонд на часови:                         0+6

Статус:                                      задолжителен

Предуслови:                              АС1, АС2, АС3

Термин:                                     Вторник, 11 – 17ч, Голема Сала.

УЧЕСНИЦИ ВО НАСТАВАТА:

Доц. д-р. Михајло Зиновски

Асист. м-р. Јован Ивановски

Доц. д-р. Огнен Марина

Асист. м-р. Ана Ивановска

Асист. м-р. Бојан Каранаков

Асист. м-р. Александар Радевски

Асист. Горан Мицковски

Александра Шулевска, демонстратор

Методија Ѓорѓиев, демонстратор

ЦЕЛ НА НАСТАВАТА:

Основна цел на наставата по Архитектонско Студио 4 е да ги оспособи студентите по архитектура: 

- да ги анализираат и дијаграмски да ги претстават забележливите карактеристики на местото кое е предмет на нивниот интерес;

- да ги разберат и применат различните етапи на креативниот процес на мислење на еден архитектонски проект;

- да ја анализираат дадена програма и да развијат јасен архитектонски концепт (хипотеза);

- да покажат способност за разбирање, како проектирањето на архитектонската форма и простор се директно поврзани со психолошките, физиолошките, социолошките и културните потреби;

- да користат техники на скицирање, дијаграмирање и студиски модели за да истражуваат различни проектни стратегии.

- да создаваат презентациски цртежи и модели;

- да прават говорни и визуелни презентации на завршниот проект;

СОДРЖИНА НА ПРЕДМЕТОТ:

Архитектонско Студио 4 претставува предмет на кој, преку процес на изработка на архитектонски проект со средна комплексност, се воспоставува систем на опитно студирање на фундаменталните принципи  и елементи на архитектонското проектирање.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА:

Наставата по предметот е организирана како изучување на сите фази на архитектонскиот проект, и тоа: забележување – анализа - концептуализација - програмирање - синтеза. Овие постапки се во насока на поттикнување на имагинацијата на студентот, како во дефинирањето и органзизирањето на мислењето за просторот, така и во изнаоѓањето на методи и техники за негова направливост. Семестралната задача е примарно структурирана околу темата “куќа”, и како основна форма на живеењето, и како физичко место на секојдневно живеење. Основната тема вообичаено се надградува со програмска структура која треба да ја “отвори” “куќата” кон “надвор” односно кон јавноста и јавниот “свет”. Во таа смисла, императив на проектот е да се обезбеди синтеза на два противречни програми кои треба да бидат во хармонизирани во една просторна целина, сместувајќи ги притоа во изграден урбан контекст.

ОЦЕНУВАЊЕ:

Редовна посета на наставата и завршување на задачите според зададениот план на работа. За позитивна оценка на проектот, студентот треба да освои мин.60 поени.

ОСНОВНА ЛИТЕРАТУРА:

-  Alexander, Christopher, “Notes On The Synthesis Of Form”, London, 1973, Oxford University Press

-  Alexander, Christopher, “Community And Privacy”, New York, 1965, Anchor Books Doubleday&Company, Inc

-  Arnhajm, Rudolf, ”Umetnost i vizuelno opažanje”, Beograd, 1981, Univerzitet umetnosti u Beogradu

-  Brodbent, Geoffrey, “Design In Architecture”, London, 1977, John Wiley&Sons

- Ching, Francis D.K. Architecture. Form, Space and Order. (3rd edition) John Wiley & Sons, Inc., USA, 2007

-  Norberg-Schulz, Christian, ”Genius Loci – Towards A Phenomenolpgy Of Architecture”, London, 1980, Academy Editions

-  Norberg-Šulc, Kristijan, “Egzistencija prostor i arhitektura”, Beograd, 1975, “Gradjevinska knjiga”

-  Hertzberger, Herman, “Lessons For Students In Architecture”, 1991, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

-  Hertzberger, Herman, “Space and the Architect -Lessons In Architecture 2”, 2000, Rotterdam, Uttgeverij 010 Publishers

ПОМОШНА ЛИТЕРАТУРА:

- К. Александер et al., Јазик на обрасци, Академски печат, Скопје, 2010

- Ернст Нојферт, Архитектонско проектирање (39то издание), Арс Ламина ДОО, 2010


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk