а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Архитектонско студио I I

Код

1. 2. 2

Студиска година

прва

Семестар

втор

Број на ECTS кредити

8

Вкупен број на контакт часови

84

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

Архитектонско студио I (потпис)

Цели

Поставување на дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целовит, интегрален архитектонски проект, развивање на чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.

Содржина

Вториот семестар се состои од една вежба која ја третира целовитоста на различните повеќезначни аспекти на обликувањето на архитектонскиот простор. Се проектира мал архитектонски објект, во конкретен отворен парковски простор, со минимални димензии и содржини – програми. Еден избран проект се изведува во мерила 1:1

Категории кои се воведуваат се: место, програм – случувања, човек – комуникација, материјал. Теми кои се истражуваат се: отвореност- затвореност, растојание – блискост, полно – празно, однадвор и одвнатре, светло – темно, сенка и светлина; како и социолошките, етичко естетски аспекти во обликувањето на архитектонскиот простор. Личната поетика е нагласена како фактор на кохерентност.

Методи на наставата

Објаснувања, практична настава, самостојна работа на студентите.

Организација на наставата

Наставата се организира во два блока од кои првиот е во траење од 4 недели, а вториот од 10 недели.

Во секој блок последниот термин е предвиден за јавна презентација.

Образовни излези

Студентите стекнуваат способност за перцепција на мултипликативните феномени кои го одредуваат искуството на архитектонскиот простор. Покрај способноста за нивна анализа тие ќе се оспособат и за нивна креативна синтеза, нагласувајќи го личносниот аспект во формирањето на поетската слика на просторот.

Литература и учебни помагала

Гастон Башлар – “Поетика на просторот”, Табернакул, 2002

Peter Zumthor – “Atmospheres”, Birkhauser, 2006

Peter Zumthor – Thinking Architecture, Birkhauser,1999

Steven Holl – “Phenomenology of Architecture, Questions of Perception”,

               A+U, 1994

Juhani Pallasmaa – “The Eyes of the Skin - Architecture and the Senses”,

               Wiley – Academy, 2005

Rudolf  Arnheim - “Art and Visual Perception”, University of California

               Press, 1984

Kristijan Norberg Šulc – “Egzistencija, prostor i arhitektura”, Gradjevinska

               knjiga, 1975

Sigfrid Giedion – “Prostor, vreme,arhitektura”, Gradjevinska knjiga, 1969

Le Korbizije – “Ka pravoj arhitekturi”, Gradjevinska knjiga, 1977

Robert Venturi – “Kompleksnost i kontradikcija u arhitekturi”, Gradjevinska

              knjiga, 1980

Pierre Von Meiss – “Elements of Architecture, from Form to Place”

              Van Nostrand Reinhold int., 1990

Francis D. K. Ching – “Architecture: Form Space and Order”,

              Van Nostrand Reinhold int., 1979

Ernst.Nojfert – “Arhitektonsko proektovanje, Gradjevinska knjiga, 2002

M.Gausa, V.Guallart, W.Muller, F.Soriano, F.Porras, J. Morales -

             The Metapolis Dictionary of Advanced Architecture, Actar, 2003

Обврски на студентите

Студентите се должни редовно да ја посетуваат наставата и успешно да ги изработат и презентираат предвидените задачи во семестарот.

Проверка на знаењата

Редовност и активност во наставата –  макс. 10 бодови

Првата задача во семестарот – макс. 30 бодови

Втората задача во семестарот – макс. 60 бодови

Останатите услови се уредени со Правилата за студирање.

Предметен наставник

Проф. д-р Минас Бакалчев, Проф. д-р Митко Хаџи - Пуља

Учесници во наставата

Асист. м-р Александар Радевски, Асист. Горан Мицковски, двајца надворешни соработници

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk