а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Архитектонско студио I

Код

1. 1. 1

Студиска година

прва

Семестар

прв

Број на ECTS кредити

8

Вкупен број на контакт часови

84

Вид на предметот

задолжителен

Предуслови

нема

Цели

Поставување на дисциплинарни основи за критичко гледање и концептуално мислење на феноменологијата на архитектонскиот простор, развивање на капацитетот за создавање претстава за целовит, интегрален архитектонски проект, развивање на чувства за интенционалност во донесувањето лични архитектонски одлуки.

Содржина

Првиот семестар се состои од три вежби кои претставуваат три последователни/истовремени аспекти во процесот на обликување на архитектонскиот простор.

Првата вежба е – Една минијатура; го повикува студентот да се согледа себеси и сопственото биографско искуство со феноменологијата на архитектонскиот простор, преку создавање одредена слика, најчист визуелен израз на одредена  атмосфера. Теми се: сеќавање, сетилност, поетика и нивно обединување во интенционална претстава. Референтен медиум – фотографија/флуксус.

Втората вежба, е – Длабење, привремено живеалиште или простор за изложување, претставува искуство на пренесување на личната идеа во специфична форма; преку методата на одземање да се осознае апстрактното ниво на присуството на празното. Теми: концепт, метод, специфични барања, мерки, програм, композиција, фигура – позадина.

Референтен медиум – скулптура.

Трета вежба е – Оживување, или нешта - кои - значат- живот, е феноменолошки детал од претходното ниво на просторното искуство. Преку материјална проекција на детал во просторот се воведуваат повеќесетилните истовремени аспекти на обликувањето на архитектонскиот простор. Теми се: светло и сенка, допир, звук, мирис, движење, се воведува категорија време. Референтен медиум – анимација, видео, перформанс.

Методи на наставата

Објаснувања, практична настава, самостојна работа на студентите.

Организација на наставата

Наставата се организира во три блока од кои првиот и вториот се во траење од 4 недели, а третиот од 6 недели.

Во секој блок последниот термин е предвиден за јавна презентација.

Образовни излези

Студентите стекнуваат способност за перцепција на мултипликативните феномени кои го одредуваат искуството на архитектонскиот простор. Покрај способноста за нивна анализа тие ќе се оспособат и за нивна креативна синтеза, нагласувајќи го личносниот аспект во формирањето на поетската слика на просторот.

Литература и учебни помагала

Гастон Башлар – “Поетика на просторот”, Табернакул, 2002

Peter Zumthor – “Atmospheres”, Birkhauser, 2006

Peter Zumthor – Thinking Architecture, Birkhauser,1999

Steven Holl – “Phenomenology of Architecture, Questions of Perception”,

               A+U, 1994

Juhani Pallasmaa – “The Eyes of the Skin - Architecture and the Senses”,

               Wiley – Academy, 2005

Rudolf  Arnheim - “Art and Visual Perception”, University of California

               Press, 1984

Kristijan Norberg Šulc – “Egzistencija, prostor i arhitektura”, Gradjevinska

               knjiga, 1975

Sigfrid Giedion – “Prostor, vreme,arhitektura”, Gradjevinska knjiga, 1969

Le Korbizije – “Ka pravoj arhitekturi”, Gradjevinska knjiga, 1977

Robert Venturi – “Kompleksnost i kontradikcija u arhitekturi”, Gradjevinska

              knjiga, 1980

Pierre Von Meiss – “Elements of Architecture, from Form to Place”

              Van Nostrand Reinhold int., 1990

Francis D. K. Ching – “Architecture: Form Space and Order”,

              Van Nostrand Reinhold int., 1979

Ernst.Nojfert – “Arhitektonsko proektovanje, Gradjevinska knjiga, 2002

M.Gausa, V.Guallart, W.Muller, F.Soriano, F.Porras, J. Morales -

             The Metapolis Dictionary of Advanced Architecture, Actar, 2003

Обврски на студентите

Студентите се должни редовно да ја посетуваат наставата и успешно да ги изработат и презентираат предвидените задачи во семестарот.

Проверка на знаењата

Редовност и активност во наставата -  макс. 10 бодови

Првата задача во семестарот - макс. 30 бодови

Втората задача во семестарот - макс. 30 бодови

Третата задача во семестарот – макс. 30 бодови

Останатите услови се уредени со Правилата за студирање.

Предметен наставник

Проф. д-р Митко Хаџи - Пуља

Учесници во наставата

Асист. Александар Радевски, Асист. Горан Мицковски, двајца надворешни соработници

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk