а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

Предмет

Архитектонско студио VII 1 (1, 2,3 или 4)

Код

4. 1. 7

Студиска година

четврта

Семестар

седми

Број на ЕСТЅ

кредити

9 (девет)  

Вкупен број на контакт часови

112 (8 Х14)

Вид на предметот

изборен

Предуслови

Согласно правилата за студирање и студиската програма.

Цели

Воспоставување на методологија на проектирање или реупотреба на индустриски објекти и комплекси и основни постапки при разработка на проектна програма преку анализа на различни работни средини. Анализирање на технолошкиот процес-промет и други функционални потреби од аспект на архитектонско проектирање.

Содржина

Изработка на идеен архитектонски проект на одреден вид на индустриски комплекс со карактеристичен технолошки процес и зададен архитектонско-урбанистички контекст. Во процесот на изработка на архитектонскиот проект ќе се анализираат сите релевантни чинители: локација, технолошки процес, опрема, работни места, внатрешна и надворешна инфраструктура при што студентите би ја оформиле проектната програма која понатаму треба да резултира во идеен архитектонски проект. При процесот на проектирање студентите треба да ги применат востановените принципи при обликувањето на просторот со користење на конструктивни структури специфични за индустриските објекти.

Методи на наставата

Информации поврзани со поставената архитектонска програма. Анализа, истражување, синтеза, консултации и индивидуално и групно презентирање на проектите.

Организација на наставата

Семестралниот проект ќе биде структуриран во неколку фази: програмска анализа на содржината и локацијата, како и поширокиот концепт. Истражување и формирање на концепт. Негово испитување и усвојување или промена. Изработка на идеен архитектонски проект и негова презентација. 

Во VII семестар проектот се работи со ¼ од студентите во генерацијата.

Образовни излези

Студентите се стекнуваат со способност за спознавање на проблемски ситуации со користење на методи за нивно анализирање и дефинирање. Способност за планирање и проектирање на објекти со индустриско производство и специфични технолошки процеси.

Литература и учебни помагала

Основна достапна литература:

§ Vojislav Damjanović. Industrijski kompleksi i zgradi GK, 1980

§ Vojislav Damjanović. Arhitektonski normativi u gra|enju industrije. Institut za arhitekturu i urbanizam, Srbije, 1973

§ Henn Walter. Industriebau-entwurfs-und konstruktionasatlas, Werlag Georg. D.W. Gallwey, Munchen, 1961

§ Henn Walter. Internationale Beispile. Werlag Georg. D.W. Callwey, Munchen, 1962

§ Vera Alikalfic, Industrijski objekti i industrijski kompleksi, Arhitektonski fakultet, Sarajevo, 2004

§ H.R.Franzke (Hrsg.) INDUSTRIEBAU Bosch, Birkhauser, Berlin 2001

§ Oswald W. Grube; INDUSTRIEBAUTEN-International; Verlag Gerd Hatje Stuttgard

§ Giampiero Aloi; Architecture Industriali Contemporanee 1 + 2; Urlico Hoepli Editore, Milano

§ Jurgen Adam, Katharina Hausmann, Frank Juttner; A Design Manual INDUSTRIAL BUILDINGS; Birkhauser; Berlin; 2004

§ IndustrieBAU Architektur-Technik-Managment      часописи

§ CASABELLA 651/2

Обврски на студентите

Редовна и активна посета на наставата,  успешна изработка и презентација на проектот.

Проверка на знаењата

Редовност и активност во наставата од мак. 10 бода.

Активностите во изработката на проектот е поделена во четири дела:

-  анализа на проектиниот програм      мак. 30 бода

-  презентација                                   мак. 15 бода

-  изработка на проектот                     мак.  30 бода

-  презентација на завршен проект      мак. 15 бода

                                   ВКУПНО:         100 бода

Предметен наставник

Доц. Д-р Александар Радевски

Учесници во наставата

асистент Горан Мицковски

 

 


 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk