а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

 

Архитектонско студио VIII1

КАБИНЕТ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ И ОБЈЕКТИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ

Код: 4.2.8

Студиска година: IV

Семестар: 8

Број на ЕКТС кредити: 9

Вкупен број на часови: 112

Вид на предметот: Задолжителен

Предуслови: Архитектонско Студио VII

Цели: Изучување и применување на принципи на архитектонско планирање, и  проектирање на комплексни програмски,просторни конфигурации на примерот на објекти за колективно домување- домување и образовање, домување во трето животно доба, архитектура и околина за деца.

Содржина: Архитектонски проект од област на колективно домување (домување и образовање, домување во трето животно доба,архитектура и околина за деца) во специфична програмска, просторна, социјална корелација со контекстот.  Во процесот на проектирање се воведуват категорија на контекст, програм, простор, функција, форма, структура, инфраструктура, конструкција.

Методи на наставата: Предавања за клучните теми од процесот на проектирање,   Презентација, критика, индивидуални и групни консултации во сукцесивните фази на проектот кои ќе овозможат  генерирање на една критичка дебата за развој на проектот.

Организација на наставата: Формулирање на предконцепт; Тестирање на предконцепт: трансформирање / отфрлање; Дефинирање на концепт; Проектниот процес поминува низ различни форми на репрезентација: 2д> слободорачен цртеж, дијаграм, архитектонски цртеж; фотографија, филм 3д: аналоген/дигитален модел; Проектниот процес е документиран со портофолио за проектот; Архитектонското студио завршува со презентација на проектите.

Образовни излези: Развој на вештина на архитектонско проектирање на комплексни програмски и просторни конфигурации. Развој на способност за планирање и проектирање на објекти за колективно домување. Разбирање на глобалните процеси на социјалните трансформации во домувањето и нивните просторни консеквенци.

Литература и учебни помагала: 

Задолжителна литература: 

Dudek, Mark, A design Manuel, Schools and Kindergartens, Birkhauser, 2007; Shittich, Christian (ed.) Housing for People of All Ages, flexibile, unrestricted, senior-frendly, Birkhauser, 2007 senior-frendly, Birkhauser, 2007;

 

Дополнителна литература*:  Dorit Fromm, Collaborative comunities, Cohausing, Central Living and Other New Forms of Housing with Shared Facilites,  Van Nostrand Reinhold, New York, 1991; 

Oliver, Paul, Dwelings, The House across the World, Phaidon-Oxford, 1987; 

Rapoport, Amos, Housa Form and Culture, Prentice-Hall, Inc. Englewood Clift, N.J., 1969; 

 

(Литературата ќе се надградува во зависност од проектот)

Обврски на студентите: Редовна посета на наставата и успешно изработка и презентација на проектот.

Проверка на знаењата: Редовност и активност во наставата- макс 10 бода + Проект- макс 90 бода

Предметен наставник:  Проф. д-р Минас Бакалчев; Проф. д-р Зорица Блажевска

Учесници  во наставата: Проф.д-р Минас Бакалчев; Проф.д-р Зорица Блажевска; Асист.м-р Саша Тасиќ

 

 

 

 

 

 

 

СЕМЕСТРАЛЕН ПРОЕКТ

2013: НОИС-КОКИНО (програм / подлоги / ....)

 

 

 

kokino fev 2013

  

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk