а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Посдипломски Студии PDF Print E-mail

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД X СЕМЕСТАР

Наставно научниот совет на 34-та седница одржана на 31.01/2012 година ги усвои темите и менторите за изработка на магистерските работи за завршниот испит за учебната 2011/2012 година (Одлука бр. 6/3 од 06.02.2012 година).

Пријавувањето на темите ќе се врши во архивата на Факултетот до  20.02.2012 година. Пријавата треба да ги содржи сите прилози наведени во членот 20 од Одлуката за завршните испити на интегрираните петгодишни студии единствени студии од прв и втор циклус,  објавена на веб страната на Архитектонскиот факултет.

Двата изборни предмети од X семестар студентите ќе ги запишат дополнително во договор со менторот а во согласност со избраната тема.

Пријавниот лист и темите за изработка на магистерските работи се објавени на веб страната на Факултетот.

                                                                                 П р о д е к а н,

                                                                 Проф. д-р Анета Христова-Поповска


download -------> Формулари 

pdf-logo

 

 

Формулар пријава

П Р И Ј А В А за полагање на завршен испит  

З А П И С Н И К за полагањето на завршниот испит

И З В Е Ш Т А Ј од Комисијата за оценка и одбрана

И З В Е С Т У В А Њ Е за комплетноста на магистерскиот труд

ЗАБЕЛЕШКИ НА ПРЕДАДЕНИОТ МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Р Е Ш Е Н И Е За изработка на магистерска работа

 

 

Одобрени теми за изработка на магистерски труд  pdf-logo

Теми за изработка на магистерски труд  pdf-logo

Accepted Master thesis topics at the Faculty of Architecture pdf-logo



 


а). Академски и стручен степен - магистер инженер архитект (Master of Architecture) како завршно звање по успешното проследување и завршување на интегрираните петгодишни студии по архитектура (единствени студии од прв и втор циклус). Ова завршно звање овозможува пристап до професијата архитект, односно право да се биде носител на изработка на проектна и планска документација.

Студентите кои завршиле петгодишни студии имаат пристап до работните места регулирани со Законот за градење на Р. Македонија во областите на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура, заштитата на градителското наследство, како и во управувањето со изградбата на инвестиционите објекти.

Дел од професионалните задачи за кои се оспособуваат овие студенти се: проектирање – раководење со изготвување на проектна документација, планирање – раководење со изготвување на планска документација, раководење со изведба на објекти, подготвување на предмер и тендерска документација, раководење со изведба на ентериер, изготвување на проектна документација и раководење со изведба на конзерваторско-реставраторски работи, изготвување на ревизии на проектна и планска документација, изготвување на експертизи, итн. Компетенциите овозможуваат и широк дијапазон на специфични работни ангажмани поврзани со знаењата кои се стекнуваат во текот на студиите, а се однесуваат на работата во службите на државната управа и локалната самоуправа поврзани со подрачјата на планирање и изградба, во осигурителни компании, банки, производство на градежни материјали и сл.

Исто така, на овие студенти им се овозможува пристап во првиот семестар на студиите од третиот циклус (докторски студии)

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk