а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
Урбанистичко планирање 2 PDF Print E-mail

Урбанистичко планирање 2                                           2014/2015

 

Петти и шести семестар со 4 контакт часови неделно

8 (4+4) ECTS кредити

Услов: положен испит по Урбанистичко планирање 1

 

Цели:

- Стекнување на основни познавања за системот на урбанистичко планирање и контекстот во кој тоа се остварува;

- Запознавање со методите и техниките на урбанистичката анализа, програмирањето и урбанистичкото планирање;

- Стекнување основни познавања за видовите урбанистички планови и нивната содржина.

 

Предавања:

Во зимскиот семестар се изучуваат:

- системот на урбанистичкото планирање, актерите во планирањето, планирањето и јавниот интерес, развојот на методологијата на урбанистичко планирање и фазите на урбанистичко планирање;

- снимање и анализа на постојната состоба на природните чинители и животната средина, населението, активностите и изградениот простор.

- стратегија на развој и програмирање на потребите. Стратегија на развој на животната средина. Проекција на развојот на населението, дејностите, домувањето и инфраструктурата.

Во летниот семестар се изучуваат:

- фазите на урбанистичкото планирање и планирањето на различните наменски целини во градот.

- планирањето на отворените простори и просторите осетливи од аспект на нарушување на природната средина.

- планирањето на регионално ориентираните активности.

- планирањето на локално ориентираните активности.

- планирањето на сообраќајната и комуналната инфраструктура.

- спроведувањето на планот и следењето на неговото остварување и промените во градската и природната средина.

 

Вежби:

Во зимскиот семестар се изработуваат кратки задачи поврзани со запознавање и елементарна примена на:

- регулаторни линии, градежна линија, површини за изградба...;

- основни урбанистички показатели;

- инсолациони анализи на објекти, терени и зеленило;

- елементи на сообраќај: улици, паркинзи, подземно паркирање и гаражирање;

- елиминирање на урбанистичко-архитектонски бариери;

Задачите содржат иницијални информации, нивна примена на конкретен градски случај и синтезна примена на посложена градска ситуација

Во летниот семестар:

- се анализира сегмент од градскиот простор со димензии до 10 ха наменет за домување, се врши програмирање и

- се планира овој простор со две варијанти на основниот концепт на негово урбанистичко уредување.

 

Организација на наставата:

Наставата е организирана во четири циклуси од по шест термини.

По секој од овие циклуси следува проверка на стекнатите теоретски знаења. Посебен термин во секој семестар е предвиден за консултации за колоквиумите/испитот.  

 

Образовни излези:

Основни познавања за системот на урбанистичко планирање, методологијата на урбанистичкото планирање и видовите на планови. Умеење да се разберат и применат основните елементи и показатели во урбанистичките планови.

 

Основна литература:

1. Berke, P. R., Godschalk, D.R., Kaiser, E.J. Urban Land Use Planning, University of Illinois Press, Urbana, 2006

2. Tošković, D., Uvod u prostorno i urbanističko planiranje, Grosknjiga, Beograd, 1995

3. Hough, M., Cities and Natural Process, Routledge, London, 2004

 

Оценување:

Завршната оценка се оформува врз основа на:

- редовноста и активноста во наставата (макс. 8 бодови),

- успехот од колоквиуми за проверка на стекнатите теоретски знаења (макс. 44 бодови) и

- успешно изработени вежби (макс. 48 бодови).

Предуслов за оценување на студентката/от е присуство на најмалку 70 % од теоретскиот и практичниот дел на наставата.

Успешното завршување на обврските кон предметот, стекнувањето потпис, евентуалното полагање на испит и оценката се темелат врз бројот на освоени бодови и се регулирани со Правилата за студирање.

 

Предметен наставник: Проф. д-р Влатко П. Коробар

Асистент: Доцент Д-р Слободан Велевски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

 

 

 

 

 

 
 

 

 

 

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk