а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА ДИПЛОМСКА РАБОТА

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ДИПЛОМСКАТА РАБОТА ЌЕ JА БРАНАТ ВО СЕПТЕМВРИСКАТА СЕСИЈА, ИСТАТА ДА ЈА ПРЕДАДАТ ВО 1 ПРИМЕРОК, ВО ДЕКАНАТОТ НА ФАКУЛТЕТОТ , НА  25-ти АВГУСТ.

ОД ДЕКАНАТОТ

 

Cestitka20141

Cestitka2014

Cestitka20143

Cestitka20142

Cestitka20145

Cestitka20144
 

PDF Download  Проект на Владата на РМ: " Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија"

___________________________________________________________________ 

-Дали да учествувам на Skopje Startup Weekend? 

Startup Weekend – натпревар во бизнис идеи по вторпат во Македонија. Интензивен 54 часовен настан каде млади луѓе ја претставуваат својата идеја за бизнис, го формираат тимот кој ќе им помогне во реализацијата на идејата и се борат за наградите на настанот.

Што добивам ако учествувам на Startup Weekend?

Можност да го формираш тимот кој ќе работи заедно во реализацијата на идејата во бизнис, можност да го провериш твоето ниво на знаење и квалификации со останатите на настанот, можност да добиеш консултации и насоки од експерти. 

Дали идејата за бизнис треба да биде за определен сектор?
Идеите со кои се претставуваат сите учесници мора да бидат поврзани со ИКТ технологии. Тоа значи нови идеа за мобилни апликации, софтверски и хардверски решенија, веб апликации и сл ично... но тоа не знчи дека и ти мора да бидеш со ИТ позадина, туку дека треба да имаш супер ИТ идеја и да ги најдеш луѓето со кои ќе ја оствариш токму на овој настан!

Зашто да работам во тим?
Тимската работа е одлична база на воспоставување контакти кои ќе бидат од особено значење за достигнување на идните професионални аспирации. Тимот кој ќе биде составен од луѓе со различни познавања и профили е одлична можност на развивање на мрежата на контакти која е дисперзирана во многу домени на делување.

Какви советувања добивам?
Тимот работи за време на еден викенд со цел да развие прототип на производ и да дефинира бизнис модел. Консултантите кои ве советуваат се искусни луѓе со долгогодишно искуство во водење на бизнис и развивање на производи и решенија поврзани со ИКТ технологиите. Нивните насоки се од особено значење во фазата на планирање на еден бизнис и се однесуваат на изнаоѓање на најлесни начини на регистрирање на фирма, финансирање, доближување до потенцијални клиенти и сл.

Кои се наградите на Startup Weekend?
4 х iPad 2; бесплатно користење на виртуелна канцеларија, Kaspersky лиценци, консултации за отворање и водење фирма со ИТЦ Кариера и многу изненадувања...

Каде да се информирам за сите детали?
http://skopje.startupweekend.org

Кога ќе се одржува настанот?
11-13 ноември, Факултет за Информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)- Скопје

 

 

_____________________________________________________________

 

 

JOINEU-SEE – SCHOLARSHIP SCHEME FOR ACADEMIC EXCHANGE BETWEEN EU AND WESTERN BALKAN COUNTRIES

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ учествува во повеќе академски мрежи за мобилност на студенти и наставен кадар во рамките на Програмата за доживотно учење – Erasmus и програмата Erasmus Mundus Акција 2 – партнерство на Европската комисија. Од 2010 година Универзитетот е активен учесник во академската мрежа Erasmus Mundus JoinEU-SEE, во координација на Универзитетот во Грац, Австрија.
 
Главната цел на оваа академска мрежа е промовирање на мобилности преку доделување стипендии на студенти и наставен кадар од земјите на Западен Балкан во земјите членки на Европската Унија и обратно. За таа цел, Уни­вер­зитетот во соработка со ЕУ универзитетите – партнери од JoinEU-SEE конзор­циу­мот ќе организира информативен настан со цел за промовирање и запознавање со можностите за мобилност на студенти од УКИМ на следните ЕУ универзитети:
  • Универзитетот во Грац, Австрија
  • Универзитетот во Лувен, Белгија
  • Универзитетот Масарик, Република Чешка
  • Универзитетот во Марибор, Словенија
  • Универзитетот во Болоња, Италија
  • Универзитетот во Гранада, Шпанија
  • Универзитетот во Гронинген, Холандија
  • Универзитетот во Латвија, Рига, Латвија
  • Универзитетот во Турку, Финска
  • Универзитетот Вилниус, Литванија

 Целната група за која е наменет овој настан се студенти на прв циклус на студии.

Ве известуваме дека на Машинскиот факултет на 27 октомври 2011 го­ди­на во терминот од 14,00 до 16,00 часот, претставници од наведените уни­вер­зи­тети застапени во мрежата EM JoinEU-SEE ќе направат презентација на студис­ките програми на своите универзитети пред студентите и наставниот кадар при што истите ќе имаат можност за директна комуникација со претставниците на односните универзитети.
 
Продекан,
 
Вонр. Проф. Др Анета Христова
 

 

 

 

 

 

 
 
интро
деканат
институти
документи
вработени
афмапа
огласи
известувања
соопштенија
самоевалуација
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk