а р х и т е к т о н с к и _ф а к у л т е т _с к о п ј е
 
организација
 
студии
 
активности
 
истражување
 
PDF Print E-mail
Предмет ЕСТЕТИКА
Код  И3-15
Студиска година III
Семестар VI семестар
Број на EKTС кредити 1
Вкупен број на контакт часови  28
Вид на предметот  изборен
Предуслови  нема
Цели Целта на наставата по Естетика е студентите по Архитектура да се запознаат со основите идеи на естетичката наука како философска дисциплина - со естетскиот однос кон светот и со естетичките погледи за творештвото, за уметноста и за естетските категории, како и со нивното значење за изградбата на човечки и уметнички поглед на светот
Содржина Наставната програма содржи материјал од областа на Општата естетика и на Естетиката на архитектурата и на ликовните уметности, како и од областа на Философијата, Антропологијата, Гносеологијата, Методологијата и Етиката. Основната ориентација на оваа естетичка настава е проблемска, а не историска.
Естетика како наука и философска дисциплина; Најзначајни стари и нови естетички ориентации; Естетика и Поетика; Естетиката како наука за уметноста, за творештвото и за естетичките категории (убавото); Естетиката како наука за отвореноста и за толеранцијата.

Методи на наставата Во наставата ќе се користат интерактивни методи, со кои студентите ќе се ангажираат во анализа на основните идеи на естетиката и за согледба на значајните прашања на естетското, особено на визуелното доживување на светот.
Студентите ќе се насочуваат кон читање на научни извори и кон изработка на домашни семинарски трудови и есеистички обработки на истражуваните прашања и идеи.

Организација на наставата Наставата е аудиторна (предавања) и интерактивна, активно учество на студентите во обработката на посебни наставни единици
Образовни излези Студентите треба да бидат оспособени за самостојна естетичка анализа на современите процеси на творештвото, посебно во архитектурата и во ликовните уметности, и за ширење на естетичките сознанија и свест во својата артистичка, истражувачка, критичка, педагошка и друга творечка дејност
Литература и учебни помагала Павао Вук-Павловиќ: Творештвото и музејската естетика (Принципите на Естетичката лабораторија), подг. К. Темков, Скопје, Метафорум, 1994
- Pavao Vuk-Pavlovic: Dusevnost i umjetnost, Zagreb, 1976; Djelovnost umjetnosti, Zagreb, 2008
Георги Старделов: Summa aestheticae (Местото и улогата на уметноста и естетиката во развитокот на националните култури кај Македонците, Словенците, Србите и Хрватите), Скопје, Култура, 1991
Констатин Крпиќ: Естетика граѓевинарства, Београд, Научна кнјига, 1991.
Jьrgen Tietz: The Story of Modern Architekture, Berlin, Ullmann, 2008.
Art Now, Taschen - International Edition.
Nikolai Hartmann: Aesthetik, разни изданија на разни јазици
Владислав Татаркјевич: Историја шест појмова (Уметност; Убавина; Форма; Творештво: Подражавање-Мимезис; Естетска доживелица + За совршенството), Београд, Нолит
Гастон Башлар: Poetika prostora, Beograd, Kultura, 1969
Rudolf Arnhajm: Dinamika arhitektonske forme, Beograd, Univerzitet umetnosti, 1990
Galvano dela Vople: Istorija ukusa, Beograd, BIGZ, 1979; Kritika ukusa, Beograd, Nolit, 1975
Julia Cameron - Mark Bryan: The Artist’s Way (A Spiritual Path to Higher Creativity), New York, Putnam, 1992
Robert Venturi: Slozenost i protivrecnosti u arhiteklturi, Beograd, Građevinska knjiga, 1989.

Обврски на студентите Семинарска работа/колоквиум
Проверка на знаењата  Испит
Предметен наставник Проф. д-р Кирил Темков
Учесници во наставата  


Предавање1.pdf

Предавање2.pdf

 

Предавање3.pdf

Предавање4.doc

Предавање5.doc

Предавање6.doc

Предавање7.doc

Предавање8.doc

 



 

    

  

 
 
студии
└── распореди
└── теми-дипломски
└── теми-магистерски
упис и студирање
студиска програма
студентски конкурси
постдипломски студии
студентска служба
анкети
библиотека
летна школа
почетна
пребарувај
ukim.edu.mk